Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Татковци, ако имате ќерка, ова треба да го знаете

Татковци, ако имате ќерка, ова треба да го знаете

Овие работи треба да ги имате на ум кога ќе ја одгледувате својата миленичка...

Врската помеѓу таткото и ќерката е посебна уште од првиот ден. Како девојките растат, мажите влегуваат и излегуваат од нивниот живот, но еден е секогаш со нив. Таткото.

Таткото е клучна фигура во растењето на секое дете. Иако знаат се за машките работи, постојат некои ситници кои е исплатливо да ги научат ако добијат ќерка.

Немојте да се плашите да смените пелена

Сите мораат да се одржуваат чисти, па одвоите малку време да се едуцирате за тоа. Прашајте ја својата партнерка или мајка за се што не сте сигурни. Немојте да се срамите.

Научете да правите фризури

Немојте само да претпоставувате дека тоа е работа на мајката. Некои девојчиња се задоволни со обично репче, други сакаат плетенки. Не мора да бидете стручњак, но научете барем една едноставна фризура.

Кажете и дека е убава, но и многу повеќе од тоа

Убаво е да и кажете на својата ќерка дека е прекрасна, но додадете дека е и паметна, храбра, силна. Научете ја дека убавината не е единственото нешто по што треба да ги проценува луѓето.

И жената може да врши “машки” работи

Постојат многу корисни вештини кои човек може да ги научи во домаќинството, но некои од тие вештини се распределени спрема полот. Додека девојчињата се учат да готват и чистат, машките се учат како да направат некои едноставни поправки на автомобилот или да ја сменат гумата на велосипедот. Не дозволувајте тоа да биде стварност и во вашиот дом. Вклучете ја вашата ќерка во некои едноставни вештини како промена на гума или поправка на тоалетот и спремете ја за во иднина.

Вие сте нејзиниот пример кога се мажите во прашање

Што и да се случи во текот на одгледувањето на вашата ќерка, запамтете дека ќе и станете еден од најважните машки примери во нејзиниот живот. Децата се како сунѓер и вашата ќерка учи за машките и како тие треба да се однесуваат спрема жените. Затоа бидете внимателни што зборувате за нив и како се однесувате. Може да имате многу поголемо влијание отколку што мислите.

Покажете ја својата емотивна страна

Кога девојчињата ќе станат девојки, обично со своите проблеми и се обраќаат на мајката, затоа што мислат дека таткото нема да ги разбере. Ако навистина сакате да бидете тука за нејзе покажете и од почеток дека имате чувствителна страна. Играјте си со неа, одете на нејзините забави, читајте и приказни и плачете кога ќе се случи нешто тажно.

Нека вашата врска со мајката и биде пример

Вие и вашата сопруга ја учите ќерката за врските. Со оглед на тоа дека живееме во свет каде што жените лесно стануваат жртви на насилство, многу е важно на својата ќерка јасно да и покажете што значи како изгледа една здрава врска. Научете ја дека врските се однесуваат на меѓусебно почитување и еднаквост, покажувајќи го тоа со своето однесување.

Оставете коментар