Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Татковски лекции за доењето: Татковци, еве што треба да знаете

Татковски лекции за доењето: Татковци, еве што треба да знаете

Погледнете ја листата со совети за сите татковци како да им помогнат на мајките кои дојат.

Мухамед Нитото е татко кој стои зад популарниот Инстаграм профил Chronicles of Daddy, а оваа недела стана вирален хит поради својата листа со совети како мажите можат да им помогнат на мајките кои дојат.

Нитото одлучи да ги пренесе сопствените искуства на идните и новопечените татковци, па направи попис на работи кои мажите би требале да ги знаат за доењето.

1.Кога мајката ќе се разбуди среде ноќ

Станете и вие и прашајте ја дали и треба вашата помош или чаша вода. Вистина е дека повеќе пати ќе каже не, но самиот факт дека сте се понудиле многу ќе и значи.

2.Прашајте ја сопругата може ли да измолзи млеко, па вие да го превземете наредното хранење

Понекогаш на жените им е потребен безгрижен одмор во кој нема да мора да се грижат за бебето.

3.Не поставувајте временско ограничување колку долго мајката би требала да го дои бебето

Не се работи само за хранењето на бебето, туку и за зближувањето со него. Секоја мајка не го дои детето еднакво долго, а на татковците тоа им е тешко да го сфатат. Не ги избрзувајте и не го нарушувајте тој процес. Ќе започнете кавга од која нема да може да излезете како победник.

4.Бидете трпеливи

Татковците се многу возбудени во првите недели. Вашето време ќе дојде многу побрзо отколку што мислите. Бебињата брзо растат и колку се поголеми и посилни, толку ќе има повеќе време за дружење со таткото.

5.Породилно отсуство

Ако го имате, искористете го. Раната фаза од развојот на детето не е само за мајката. Секогаш ќе можете да заработите пари, но некои работи во животот нема да можете да ги повторите. Не сте поголем маж ако не го искористите породилното боледување. Еднакво е важно и таткото да биде дел од животот на малечкото од самиот почеток.

 

 

Оставете коментар