Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Тато, што ти е? Докажано е дека татковството биолошки ги менува мажите

Тато, што ти е? Докажано е дека татковството биолошки ги менува мажите

Улогата на татко внесува многубројни промени во животот, но малку е познато, дека е научно докажано дека татковството влијае и на фунционирање на организмот. Низ какви промени поминува посилниот пол?

Припадниците на машкиот пол се необични затоа што спаѓаат во само шесте проценти на цицачи кај кои татковството има големо значење. Нивното однесување и грижата за новороденчето може да се изедначи со она кај мајката, поради што мажите се исклучителни, пишува National Geographic.

Поради тоа научниците се запрашаа дали улогата на татко влијае на мозокот на мажите.

Последните години се спроведени голем број на научни истражувања кои се занимаваат со тоа прашање, а стручњаците заклучуваат дека после раѓањето на детето, мажите трпат значајни неуролошки и хормонски промени – слични на оние кои ги доживуваат и мајките.

Мозокот на таткото изгледа како оној на мајката

 Мажот, сметаат научниците изразува поинакво когнитивно и емотивно однесување. Имено, мозокот на таткото се повеќе личи на мозокот на мајката. Неодамна спроведеното истражување покажа дека мажите кои ги негуваат своите малечки, на скенирањето на мозокот покажаа интересни резултати. Имено, во нивниот случај, деловите од мозокот задолжени за обработка на емоциите и друштвено разбирање се изразено поактивни откога бебето ќе стане дел од нивниот живот.

И татковците проаѓаат низ хормонски промени

 Бременоста, пораѓањето и доењето предизвикуваат намалено или засилено лачење на одредени хормони кај жените, но научниците утврдија дека нешто слично се одвива и во телото на мажите иако тие не се во состојба да носат и хранат бебе по природен пат. Истражувањата во кои учесници беа и луѓе и припадници од животинскиот свет покажаа дека мажите кои се оствариле во улогата на родител имаат повеќе окситоцин, естроген, пролактин и глукокортикоид, а стручњаците наведуваат дека до ова зголемување се доаѓа благодарение на контактот со бебето и неговата мајка. 

Окситоцинот ја зацврстува врската помеѓу таткото и бебето 

Веќе споменатиот окситоцин, кој уште се нарекува и љубовен хормон, ги поттикнува татковците повеќе да се грижат за своите деца и нивната нега, да се вклучат во игри со нив, а малечките им враќаат еднакво со љубов.

Татковството е причина за стварање на нови неурони 

Како што покажаа бројните научни истражувања, на татковците им се обновуваат изубените нервни ќелии и исто така доаѓа до стварање на нови. Покрај тоа, тие растат побрзо и подобро се развиваат, што ја подобрува меморијата кај мажите.

Татковците се осетливи на детскиот глас

 Општо е познат мајчиниот инстинкт, кој им помага на мајките да препознаат кога плачењето значи дека бебето е гладно, кога нешто го боли, а кога е поспано. Меѓутоа научниците утврдија дека и татковците умеат да се поврзат со своите деца на тој начин: едно истражување покажа дека дури 90% од татковците го препознава значењето на плачот на детето.

 

Оставете коментар