Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Тестирање на рефлексите кај бебиња - 2 дел

Тестирање на рефлексите кај бебиња - 2  дел

Рефлекс на фаќање и рефлекс на фаќање на стапало

Ова се сетилни рефлекси со кои бебето ги стега прстите или го витка стапалото. Првиот преоѓа во намерно фаќање во првите 6 месеци. Вториот се губи по првата година.

1. Погалете ја отворената дланка на бебето со прст. Бебето би требало да ги стегне прстите и дланката околу него.

2. Погалете го стапалото на бебето со прст. Бебето би требало да го свитка табанот.

3. Повторете на другата рака и на другата нога.

Рефлекс на автоматско одење 

Рефлексот го тера бебето да застане на своите нозе, без оглед на тоа дали тие ќе го издржат. Родителите треба да го придржат. Повеќето бебиња дури и ќе тргнат кон родителите. Рефлексот се губи по неколку месеци, а замена е намерното станување и одење на возраст од околу 1 година.

1. Фатете го бебето под пазуви, свртено со лицето кон вас. Со прстите држете му ја главата да не падне.

2. Седнете на стол и дигнете го бебето во стоечка позиција. Неговите стапала нека легнат врз вашите бедра.

3. Бебето би требало да притиска со нозете како да чекори.

Тоничен рефлекс на вратот

Рефлексот му помага на бебето да ги координира движењата на главата и на рацете. Обично се губи до шестиот месец.

1. Легнете го бебето на грб.

2. Нежно свртете ја главата на бебето надесно.

3. Десната рака на бебето би требало да се испружи странично. Можно е левата рака да се доближи до главата.

4. Свртете ја главата на бебето налево. Левата рака би требало да се испружи странично, а десната да се свитка.

Одбрамбени рефлекси

Овие рефлекси му овозможуваат на бебето да се брани од вистински или замислени напаѓачи. Нема да исчезнат додека бебето не стекне попрецизна контрола на моториката.

1. Легнете го бебето на грб.

2. Држете играчка на 30 см над неговата глава и полека почнете да ја движите право во неговото лице.

3. Бебето би требало да ја сврти главата на едната или на другата страна.

 

Оставете коментар