Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

ТОП-СОВЕТИ ЗА ОПРЕМУВАЊЕ НА ДЕТСКАТА СОБА

ТОП-СОВЕТИ ЗА ОПРЕМУВАЊЕ НА ДЕТСКАТА СОБА

Одлучивте ли да ја реновирате собата за вашето новороденче? Поради разновидноста и големината на понудата, водете сметка да не трошите многу пари на работи кои не ви се потребни. Ние ќе ви помогнеме во тоа.

Многу поисплатливо е да купите гардеробен орман или висока комода со фиоки, кој ќе овозможи доволно простор додека вашето бебе расте, отколку детскиот мини мебел (стварно е неодолив, но е со краток рок). Мебелот за возрасни е можеби голема инвестиција, но е поисплатлива и ќе трае долго. Исто така, не е потребно да купувате посебен мебел за пресоблекување, мебелот со прилагодлива висина ќе ви биде сосема доволен и од корист.

Лулка или креветче?

Во креветчето бебето може да спие од својата прва недела па се до својата шеста или седма година, затоа делува дека е поекономично решение. Сепак, меѓутоа многу подобро (и поефтино) е прво да купите лулка, а подоцна прав детски  кревет, особено ако планирате уште потомци кои ќе ја наследат лулката. Многу родители “паѓаат” на разните бебешки дезени на тапети, завеси, прекривки и перничиња (слатки мечиња, мачиња, пеперутки, цвеќиња...), би требало да водите сметка дека детето од две години веќе не е бебе! Тоа гледа цртани и има свој омилени ликови и ќе сака неговата соба да биде уредена во тој стил. Затоа, детската соба уредете ја неутрално, бидејќи така ќе си го олесните редизајнирањето во иднина. Декоративните налепници, кои лесно може да се одлепат и да се заменат со нови е едно од паметните решенија. Место тапети, обојте ја собата, подоцна полесно ќе додадете детали кои ќе го задоволат вкусот на вашето дете.

За подобар сон

Ролетните (еслингер или венецијанер) се неопходни, освен ако не сакате вашето бебе да се разбуди со првите зраци на сонцето. Секако, и покрај тоа можете да ставите и завеси на прозорите. Исто така, ставете ламба која не дава јака светлина. Тоа ќе ви биде од голема помош, во текот на ноќта за доење. Навечер и во текот на ноќта хранете го бебето во затемнети простории, за да научи дека овие оброци се поврзани со спиење.

Нека биде безбедно!

Поставете ги подните облоги и искречете ги зидовите најмалку три месеци пред породувањето. Така ќе ја намалите опасноста да го изложите новороденчето на испарувања. Користете нетоксични бои за зидови, купете тежок мебел, кој детето нема да може да го повлече или бутне, ако имате полесни делови од мебел, зацврстете ги за зидот. Фиксирајте го ќилимот или подните облоги со леплива лента и тргнете ги електричните гајтани подалеку од дофат на детето. Собниот термометар ќе ви помогне да одржувате идеална температура на воздухот во просторијата (помеѓу 18 и 20 степени).

Планирајте однапред

За да може секој дел од мебелот совршено да се вклопи во просторот со кој располагате, морате добро да ја измерите собата. Тоа е првиот услов пред да отидете во куповина. Ако купите кревет со фиока која се отвара, или оградичка која се спушта, тогаш морате да обезбедите доволно простор во собата за да можат овие делови да функционираат.

Обезбедете магацински простор

Сите бебиња се различни, но една особина им е заедничка, многу брзо растат и ја прераснуваат облеката. Играчките да не ги спомнуваме-за меколку месеци ќе имате полна вреќа непотребни дрангулии. Затоа би било паметно однапред да испланирате некој простор (дел во орманот, комодата, џебови во орманот или на вратата) за се што ви е жал да го фрлите, а ја изгубило вредноста на употреба.

Двострана намена

Многуте практични работи во собата на бебето исто така може да бидат едукативни. Закачалките за облека во вид на животни, пластични, светлечки заштити за утикачите, интересно изработени кваки за вратите... Сите тие предмети ја поттикнуваат имагинацијата на детето и му го привлекуваат вниманието. На вас секако ќе ви помогне за да исмислите приказна за добра ноќ.

Дајте свој личен печат

Уредувањето на собата за новороденчето треба да ви претставува забава. Ако сте вешти во везење или во некоја друга рачна работа, искористете ги своите вештини во уредувањето на собата. Направете прекривка со апликации, со името на бебето или со некои други детали, сошијте специјално перниче за креветчето на бебето...

Не заборавајте на фотографиите!

Бебињата ги сакаат човечките ликови. Бидејќи во собата нема да можат да присуствуваат повеќе луѓе (а и не е пожелно), направете портрети (фотографии) на членовите на семејството, врамете ги и поставете ги на зидовите од детската соба. Покрај тоа, искористете го фактот дека бебињата многу време поминуваат во разгледување на светот околу нив, па затоа залепете светкави звезди на плафонот, поставете висечки играчки на креветчето, интересен зиден часовник што чука....

Оставете коментар