Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Топло, но не претопло: Совети за сигурно спиење на бебето во зима

Топло, но не претопло: Совети за сигурно спиење на бебето во зима

Кога температурите надвор оддеднаш ќе се спуштат, со претерано затоплување на просториите може да се зголеми ризикот од синдромот на доеничка смрт. Прочитајте ги советите од стручните лица за сигурно спиење на бебето во зима.

Мајчиниот инстинкт е бебето да се чува на сигурно и на топло. Сепак и покрај ниските температури, пробајте да одолеете на претераното загревање на собата во која бебето спие или облекувањето на бебето во претопла облека.

Неколку истражувања покажаа дека претоплата облека или претерано загреаните простории го зголемуваат ризикот од синдромот на изненадна доеничка смрт (SIDS).

Имено, на бебето не смее да му биде претопло затоа што неговиот организам сеуште не може сам да ја регулира телесната температура.

Стручните лица тврдат дека на претопло облеченото бебе во загреана соба може да му се поремети дишењето и така да се спречи неговата способност да продолжи да дише нормално.

Антропологот Џејмс Меккена, светско стручно лице за сигурност на новороденчиња при спиење и автор на бројни книги за заедничко спиење ги наведува следните совети за спиење кои ќе му помогнат на вашето бебе да се чувствува пријатно оваа зима:

-Собната температура би требала секогаш да биде помеѓу 20 и 22 степени.

-Не го облекувајте бебето во премногу слоеви: “Ако вашето бебе се поти во текот на спиењето, има премногу слоеви на себе”, објаснува Меккена. Наместо ќебе и прекривка одберете вреќа за спиење за бебе – тие се направени од специјален материјал и бебето не може да ја оттргне од себе или да се заплетка во неа како што е случај со ќебето.

-Новороденчето нека спие на грб: “Кога бебето спие со лицето надоле, ја задржува телесната топлина и повторно вдишува јаглероден диоксид”, вели Меккена.

Оставете коментар
Close