Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Треска кај бебиња

Треска кај бебиња

Повеќето лекари сметаат дека ниската треска го спречува разможувањето на вирусите. Тоа значи дека бебето нема да се разболи уште повеќе. Поради ова, многу лекари не препорачуваат лекови и третмани за треска додека температурата е пониска од 38 целзиусови степени.

Внимание: Ако вашето бебе има помалку од 3 месеци, а има треска над 38 Целзиусови степени, обратете се на педијатар.

Допрете го челото на бебето-ако е топло, измерете ја температурата со термометар. 

Ако температурата на бебето е меѓу 38,5 и 39,5 Целзиусови степени, обратете се кај педијатар. Препорачливо е да давате мала доза ибупрофен на секои 4 часа додека треската да спадне, секако разговарајте за ова со педијатарот.

Ако температурата на бебето е над 40 Целзиусови степени, тоа е силна треска и треба веднаш да се јавите на лекар.

Искапете го бебето со сунѓер и топла вода, бидејќи таа испарува побргу и побргу го лади бебето од ладната вода, а потоа давајте мали дози ибупрофен на секои 4 часа. Ако треската продолжи со истиот интензитет, голема е веројатноста дека постои секундарна инфекција.

Оставете коментар