Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Три детски реакции на лошите оценки кои не смеете да ги игнорирате

Три детски реакции на лошите оценки кои не смеете да ги игнорирате

Како реагира вашето дете на лошите оценки? Истражувањата покажуваат дека реакцијата на детето и образложувањето за личниот неуспех кажуваат за тоа дали детето ќе престане да се труди. Помогнете му на детето така што ќе посветите внимание на тоа што го зборува кога го опишува својот неуспех за некои работи.

Покажете му како да ги види работите од друг агол, да го гради самопочитувањето и да ги поправи работите.

Почнете така што ќе го пратите детето во различни ситуации, на пример кога ќе добие лоша оценка, ќе изгуби натпревар или кога не се согласува со другите. Секогаш реагирајте на следните реченици:

“Јас сум крив(а)!”-Детето се разбира лично

Децата, а и возрасните се обвинуваат самите за се, без да обрнуваат внимание на работите кои се надвор од нивното влијание а кое допринело до неуспехот, тие имаат ниско ниво на самопочитување. Ќе го препознаете и во реченицата “Јас сум глупав, ете затоа добив единица!” тоа покажува дека детето ја сфатило оценката лично. За разлика од тоа, речениците ”не учев доволно овој пат”, “учителот ова не ни го објасни добро” или “бев гладна/гладен и нервозна/нервозен затоа што не појадував” се објаснувања врзани со надворешните причини. И сите се поврзани со работи на кои може да се влијае следниот пат.

“Никогаш не можам да го направам добро контролниот. Секогаш грешам” - Детето се гледа како трајно и непоминливо. Ако вашето дете ги користи зборовите “секогаш” и ”никогаш” за да го објасни својот неуспех, потребно е да поработите на неговото самопочитување така што ќе го потсетите на моментите кога се случило спротивното. Можете да го потсетите на тестот по македонски јазик од минатата недела кој одлично го направило, или на некој друг успех кој го постигнало. Помогнете му грешките и неуспехот да ги гледа како привремени ситуации од кои може нешто да научи.

“Ништо не ми оди од рака. Се што ќе направам е погрешно”. Детето неуспехот го гледа како општо присутна појава. Научете го детето да го гледа неуспехот како посебен настан кој се случил во училиште и да не го префрлува и на другите настани кои му се случуваат. Секое дете има свои посилни страни. Училиштето ја нагласува важноста на оценките но во вистинскиот живот постојат луѓе кои не биле добри во училиште но и поред тоа се талентирани за нешто, само не на начин на кој тоа се мери во училиште. Откријте ги силните страни на вашето дете и истакнете ги. Помогнете му да го подобри успехот во училиште, но исто така подржете ги и пофалете ги неговите успеси на други полиња, надвор од училиште, на пример во музиката, спортот, однесувањето со другарчињата и сл.

 

 

Оставете коментар