Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

3 оправдани причини да воведете млечна формула во исхраната на бебето

3 оправдани причини да воведете млечна формула во исхраната на бебето

Кога е време на малечкото покрај доењето да му понудам и адаптирано млеко е прашањето кое многу мајки си го поставуваат.

Колку и да се припремала мајката за доење, може да се соочи со бројни проблеми, па постојат бројни ситуации кога во исхраната на малечкото мора да се воведе млечна формула. Меѓутоа тоа не би требало да ги загрижи младите мајки, затоа што воведувањето на дохрана не мора да значи дека деновите на доење се поминати.

Во кои се случаи, покрај доењето е потребно да се воведе млечна формула?

Еве што кажуваат лекарите и советниците за доење...

Кога мајката нема доволно млеко

Доколку од некоја причина имате проблем со воспоставувањето на лактација (без оглед на тоа дали истото е поради тоа што во болница со бебето сте биле раздвоени подолго време, вашето бебе има проблем со цицањето или слично), производството на задоволителна количина на млеко може да биде многу проблематично. Меѓутоа и кога се е во ред, некои мајки немаат доволна количина на млеко за своето бебе. Ова обично им се случува на мајките кои родиле близнаци, кои ги имаат оперирано градите или кои родиле во малку поодминати години. Во секој случај, ако вашето бебе огладне многу брзо по доењето, можно е да имате недоволна количина на млеко.

Лекарите советуваат во тие случаи мајките покрај доењето и да измолзуваат млеко, како би поттикнале лактација, но и на бебето барем привремено да му дадат млечна формула.

Кога постои проблем со измолзување на млекото

По завршување на породилното, мајките кои дојат се среќаваат со нови предизвици. Измолзувањето надвор од домот е непријатно, а количината која однапред сте ја оставиле не е доволна. Што да направите?

Размислете за воведување на млечна формула, а кога ќе се вратите од работа продолжете со доење.

Совет е навреме да се припремите за промена во доењето. Неколку недели пред да почнете да работите, измолзете млеко во текот на денот и дајте му го на бебето наместо да го доите. Во рок од неколку недели вашето тело ќе почне да произведува млеко тогаш кога ќе му биде потребно на вашето бебе – повеќе во утринските и вечерните часови, а помалку во текот на денот.

Кога ви е потребно повеќе сон

Многу родители се соочуваат со депресија на која може да влијае и честото будење во текот на вечерта и испрекинатиот сон.

Лекарите советуваат за да го сочувате своето здравје да се наспиете барем една ноќ, а да го замолите партнерот да го нахрани бебето со млечна формула. Освен тоа, веројатно бебето ќе спие подолго, со оглед на тоа дека млечната формула се вари побавно од мајчиното млеко.

 

Оставете коментар
Close