Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Три причини поради кои е полесно да имате второ дете: Се е поедноставно и побрзо

Три причини поради кои е полесно да имате второ дете: Се е поедноставно и побрзо

Да се стане родител по прв пат може да биде доста исцрпувачки: недостаток на сон, исцрпеност, збунетост и брзите преоди помеѓу фазите во развојот ги оставаат новопечените родители без здив.

Меѓутоа, да станете родител по втор пат е многу поедноставно и поопуштено.

Знаете што правите

Без разлика дали се работи за препознавањето дали бебето е уморно или гладно или учите да поправите некои работи кои не сте ги знаеле со првото дете.

Предност е тоа што низ сето тоа веќе сте поминале. Иако не е исто, решавањето на проблемите и одгледувањето на второто дете оди побрзо и подобро.

Сфаќате дека се е фаза

Кога ќе станете родители по прв пат, ви се чини дека некои родителски фази немаат крај.

Меѓутоа, без оглед на тоа колку ви е тешко кога бебето е мало, вие знаете дека сето тоа ќе пројде. Тоа е сосема доволно.

Презафатени сте за да доживувате стресови

Кога имате само едно дете, вообичаено е да очекувате да го предвидите секој нов пресврт и секоја нова промена.

Големиот број на нови родители читаат многу книги, се информираат по пат на магазини и портали, добиваат совети од голем број на извори и често бараат совет од лекар.

Но, кога имате повеќе од едно дете во домот, немате многу време за нервоза.

Некои родители се изненадени околу новите пресвртници, затоа што се едноставно презафатени за да забележат колку времето брзо поминува.

Оставете коментар