Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

3 работи кои детето ги наследува од мајката

3 работи кои детето ги наследува од мајката

Од своите родители наследуваме се, од однесувањето до интелегенцијата. Прочитајте што децата наследуваат од мајката.

Знаеме дека мајката директно влијае на многу работи – од нашата интелегенција, до однесувањето во романтичните односи. Иако генетиката е несомнено сложена работа, истражувањата покажаа дека наследуваме некои специфични карактеристики и квалитети од мајката. Затоа без разлика дали вашето дете личи на вас или на вашиот сопруг, науката вели дека поголема е можноста овие 3 работи да ги наследи од мајката.

1.Интелегенција

Детето најверојатно ќе ја наследи интелегенцијата од мајката, а не таткото. Истражувањето на Универзитетот во Глазгов во кое се прегледани повеќе од 12.000 млади луѓе на возраст од 14 до 22 години, утврди кои фактори влијаат на интелегенцијата, вклучувајќи го социо – економскиот статус и образованието. И најголемо влијание имала нивната мајка. Имено, нивниот коефициент на интелегенција варирал само во просек на 15 бодови во однос на мајката.

2.Навиките за спиење

Ако детето има проблем со спиењето, можеби е на својата мајка. Истражувањето објавено во магазинот “ Sleep Medicine” упатува на тоа дека мајките им ги пренесуваат своите навики за спиење на децата и дека децата чии мајки имаат проблем со несоница одат подоцна на спиење.

3.Брзината на стареење

Иако ова не е важно кога ги гледате своите мали деца, можеби ќе почнете да размислувате за својата мајка и начинот на кој стареете. Изгледа дека гените на нашата мајка делуваат на тоа. Научниците од институтот Макс Планк открија днк од митохондрите кои ги наследуваме исклучиво од мајката, а можат делумно да го контролираат стареењето. Истражувањето е спроведено на глувци а не на луѓе па се потребни понатамошни детални испитувања.

 

 

 

Оставете коментар