Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Три работи во кои треба да бидете доследни кога навиките на бебето се во прашање

Три работи во кои треба да бидете доследни кога навиките на бебето се во прашање

Ако ја прочитате секоја книга за бебиња, знаете дека конзистентноста и рутината се од огромно значење. Рутината го намалува нивото на стрес во нашите животи, бидејќи знаеме што да очекуваме и што следи. Некои родители се обидуваат да воспостават рутина штом ќе се роди бебето, но нашите бебиња многу брзо сами ни кажуваат она што го сакаат и кога, и многу брзо сами ги развиваат нивните сопствени модели или рутиниски однесувања.

Рутината им дава на децата чувство на сигурност и со тоа ја развиваат само-контролата и затоа е важно дека лицето кое го чува детето да биде доследно и да се држи до одреден распоред и тоа да биде конзистентно. Клучот е да се биде конзистентен и да се има ритуал во следните три работи: храна, спиење и дисциплина.

Оброци

Рутините поврзани со оброците се исклучително важни. Најважно е детето да јаде три главни оброци во исто време секој ден. Покрај тоа, добро е за детето да јаде храна на истото место (најдобро во неговиот висок стол) и оброкот да  се служи на сличен начин секој ден.

Спиење

Од самиот почеток, ритуалот треба да се воспостави пред ноќниот и дневниот сон. Овие ритуали му помагаат на детето да сфати дека е време да спие. Можете да ја затемните светлината, да му прочитате книга на детето или да му пеете песна. На бебиња од 4-12 месеци им треба околу 15 часа спиење дневно, на децата 1-3 години им треба 12-14 часа спиење, а на децата од 3-6 години 11-12 часа спиење. 

Дисциплина

Детето може да биде многу збунето кога го воспитуваат повеќе од едно лице. Кога детето гледа дека едно лице му дозволува нешто што друго лице му забранува, тоа брзо ги учи сите трикови и она што на кого може и почнува да манипулира за да го добие она што го сака. Комуникација и соработка помеѓу родителите и бебиситерките / воспитувачи и доследност во спроведувањето на забраните се од суштинско значење за успешна дисциплина.

Оставете коментар