Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

3 совети за полесно породување за кои не сте размислувале

3 совети за полесно породување за кои не сте размислувале

Прочитајте ги здравите навики кои можете да ги усвоите во третото тромесечје, а кои ќе ви го олеснат породувањето.

Припремите за породување не подразбираат само спремање на торбите за породилиштето, туку и спремност за веројатно најголемиот физички подвиг со кој досега сте се соочиле.

Подобрете ги своите шанси за полесен и побрз пораѓај со усвојување на овие здрави навики во текот на третото тромесечје:

1.Јадете урми

Истражувањето објавено во магазинот  Journal of Obstetrics and Gynaecology покажало дека жените кои секојдневно јаделе урми во текот на третото тромесечје немале потреба за индукција и засилување на трудовите за разлика од жените кои не ги јаделе. Кај жените кои јаделе урми во неделите пред породувањето забележано е и подобро отворање, односно ширење на матката.

“Составот на урмите го копира хормонот окситоцин кој предизвикува трудови”, објаснува нутриционистката Мелинда Џонсон и додава дека за подобри резултати потребно е да јадете 6 урми дневно.

2.Спијте повеќе

Спрема претходно споменатото истражување, жените кои спиеле помалку од шест часа во текот на последните месеци од бременоста – имале 11 часа подолго породување и царски рез за четири пати повеќе од жените кои спиеле седум или повеќе часа.

“За да ви биде што поудобно и поубаво, користете перници за тело и исфрлете го партнерот од креветот”, советува Џоди Миндел, авторка на книгата Sleep Deprived No More: From Pregnancy to Early Motherhood.

 3.Зајакнете ги нозете

Исправената положба, односно положбата во кој трупот на телото е исправен и во кој се користи гравитација претставува најбрза и најбезбедена положба за породување. Како би останале исправени, ви требаат силни нозе. “Најважната вежба за породување се клекнувањата”, објаснува тренерот  Ерин Обрајен. Вежбајте клекнувања на начин на кој топката за вежбање ќе ја положите помеѓу долниот дел од телото и ѕидот. Потоа испружете ги нозете што подалеку можете, а стопалата и колковите лесно свртете ги спрема надвор. Направете три сета од по 15, со тоа што во најниската позиција колената мора да бидат под 90 степени. Тоа е многу добра вежба за долниот дел од телото и е важна за припрема на телото за породување.

Оставете коментар
Close