Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Tрудни и преладени: Совети што да правите

Tрудни и преладени: Совети што да правите

Правилата на игра кај лечењето на обична настинка се менуваат кога сте бремени. Прочитајте што смеете да употребувате, а што може да му наштети на бебето.

Кога не сте бремени, вашата прва реакција на било која здравствена потешкотија е да побарате лек кој ќе ви помогне. Во бременоста тоа не е баш така и многу често симптомите ќе морате да ги лечите без лекови и да бидете трпеливи додека истите не се повлечат.

Причината поради тоа е што состојките на одредени лекови низ постелката можат да дојдат до плодот, што е особено неповолно во првиот триместар од бременоста кога кај бебето се формираат сите органи.

Што да правите ако ви се појави некој од следните симптоми?

Ако ви е затнат носот...

Иако спрејовите и капките за нос делуваат безопасно, препорака од лекарите е во текот на бременоста да не ги користите. Се што користите на овој начин влегува во вашиот крвоток, а со самото тоа и до бебето. Наместо лекови, користете физиолошки раствор, инхалирајте се со камилица, жалфија или морска сол.

Ако кашлате...

Имате непријатни напади на кашлица, но ниту еден лек кој би ви помогнал не е во опција.

Пијте многу течности – вода, лимонада, чаеви, млеко со мед. Домашниот напиток шербет исто така може да ви помогне да го смирите грлото. Се прави така што прво се затоплува шеќер во ѓезве на умерена температура, а потоа се прелива со млеко или вода и се меша. Освен тоа, можете да внесувате и течности преку чорби од зеленчук и пилешко.

Јадете бел лук, кој го зајакнува имунитетот, а помага и во разредување на секретот.

Ако ве боли грлото...

На нашиот пазар постојат одредени септолети кои лекарите им ги препорачуваат на трудниците. Секако, најпрвин посоветувајте се со својот лекар за терапијата која ја препорачува. Најчесто овие септолети се благи, па ќе ви биде потребно подолго време за воспалението да пројде. Она што е универзално решение, а што многу помага се облогите за грло. Без оглед на тоа дали ќе се одлучите за мед, маст, рендан компир, нема да штети да преспиете со овие облоги. Веќе следното утро можете да очекувате подобрување.

Ако имате висока температура...

Високата температура во бременоста е сигнал дека треба да отидете на лекар. Проблемот со високата температура е тој што снабдувањето на бебето во стомакот со крв може да биде отежнато. Во голем број на случаите лекарите ќе ви препорачаат да пиете парацетамол, а освен тоа потребно е температурата да ја намалувате со туширање или масирање односно со облоги од алкохол. Високата температура во бременоста никако немојте да ја сфатите несериозно и не одлагајте да побарате помош од стручно лице.

Оставете коментар
Close