Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Ултразвучен преглед на колковите кај бебето

Ултразвучен преглед на колковите кај бебето

Ултразвучниот преглед на колковите е една од методите на рано откривање на развојното пореметување на колковите.

Скринингот се спроведува како примарен и секундарен. Примарниот скрининг е преглед со ултразвук на колковите уште во породилиштето, во првите денови по раѓањето, а најдоцна до навршен еден месец. Секундарниот скрининг е ултразвучно снимање обично во вториот месец од животот, а најдоцна до полни три месеци.

Секоја следна контрола зависи од претходните наоди и обично е поврзана со почетокот на периодот на седење – околу 6 месеци, односно периодот на проодување на детето околу првиот роденден.

При контролата се добиваат совети околу припремата на детето за седење, односно одење, за користењето на шеталки, носилки, првите кондури и слично.

Родителите при отпустот од породилиште обично добиваат совет за користење на широк повој кој служи како превентивна мера да се намалат надворешните фактори кои можат да влијаат на развојот на нестабилни колкови.

Секое понатамошно лечење ако е потребно зависи од ултразвучните класификации на зглобот на колкот.

Класификацијата на зглобот на колкот со користење на ултразвук се заснова на комбинација од морфолошки и морфометриски критериуми, а се однесува на возраста на детето.

 

 

Оставете коментар