Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Вашата 27 ма недела од бременост

Вашата 27 ма недела од бременост

Дали се чувствувате како да немате доволно воздух и не можете да се надишете? Тоа е затоа што Вашата матка сега е близу до градите и можно е белите дробови да не можат целосно да се шират. Не грижете се, бебето има кислород и вашето тело всушност функционира поефикасно благодарение на оние хормони кои Ви прават толку многу проблеми.

 

Заедно со болката кичмата сега имате и грчеви во нозете. На вашите нозе сега не им е лесно - мора да ја издржат сета оваа тежина, а матката има големи барања за циркулација. За жал, грчевите ќе се зголемат со растење на бременоста. Тие се почести ноќе, но, исто така, можат да ве мачат и во текот на денот. Ставете ги нозете во исправено или истегнувајте ги и масирајте ги листовите за да ги олабавите мускулите.

 

Развој на бебето

Сега бебето ги отвара очните капаци и може да го цица палецот!

 

Во текот на оваа недела, мозокот на бебето го продолжува брзиот развој и се случува созревањето на белите дробови. Бебето сега може да ги отвори очните капаци, да спие и да се разбуди во исти интервали, и тоа може да го цица палецот. Иако белите дробови на бебето се уште не се доволно развиени, тие би можеле да функционираат со помош ако бебето се роди пред време. Можеби сте забележале некој чуден, изедначен ритам – тоа е икањето на вашето бебе! Икањето на бебето не трае долго и не му пречи- така да уживајте во овој невообичаен скокот. Должината на бебето е околу 36 см и тежината е помеѓу 850-900 гр.

 

Забелешка: секое бебе се развива индивидуално во стомакот на мајката.

Совет за оваа недела

Ако ве мачат хемороиди или имате често запек, обидете се да си олеснате со редовно празнење на дебелото црево и избегнување на зачинета храна. Обидете се да јадете храна богата со влакна еднаш дневно, и многу овошја.

 

Ако болките во нозете се почести, повеќе одмарајте се во удобна положба со кренати нозе. Прошетајте повеќе и носете еластични чорапи. Додека се одмарате, можете да направите вежби со вртење на нозете за да ја подобрите циркулацијата.

Чувајте ги матичните клетки на вашето дете

Оставете коментар