Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Вашата коса во бременоста

Вашата коса во бременоста

Постојат многу совети што треба и што не треба да правите со косата во текот на бременоста, а се однесуваат на работи како што е фарбањето на косата или не и слично. Факт е дека во текот на бременоста и дури и после породувањето постојат некои вообичаени промени на косата.

Благодарение на хормоните поврзани за бременоста може да дојде до тоа косата побрзо да расте и помалку да отпаѓа во текот на тој период.

Дали е вообичаено после бременоста да се изгуби многу коса?

Се утврди дека поголемата количина на коса која сте ја стекнале во текот на бременоста не останува засекогаш. После три месеци од породувањето, доста жени пријавуваат значаен губиток на коса до кој доаѓа многу брзо. Нема потреба за паника. Оваа појава се јавува кај 40-50% од жените кои се породиле. Добра вест е дека не се работи за трајно губење на косата и после неколку месеци доаѓа до нејзино опоравување.

Дали фарбањето е безбедно во бременоста?

Иако нема студии на оваа тема, во пракса не се препорачува фарбање на косата во текот на првиот триместар од бременоста.

Можете ли да го предвидите полот на детето на основа на текстурата на косата во текот на бременоста?

Без оглед на бабините приказни, текстурата на косата не може да ви помогне да го предвидите полот на детето. Наместо тоа направете ултразвук и нема да морате да погодувате дали ќе добиете момче или девојче.

Дали кожата на главата е почувствителна на хемиски третмани после бременоста?

Утврдено е дека ова е факт. Наместо класично фарбање, можеби можете да се одлучите за ставање на прелив и благо осветлување на косата. На тој начин ќе го минимизирате контактот на кожата со хемикалии и ќе го спречите нејзиното оштетување.

 

 

Оставете коментар