Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Вкусна и здрава “енергетска бомба”: Портокалов смути преполн со витамини

Вкусна и здрава “енергетска бомба”: Портокалов смути преполн со витамини

Воведете целер, ѓумбир, морков и овошје во исхраната на малечките на едноставен, забавен и вкусен начин.

Иако сме свесни за сите здравствени придобивки од целерот, ѓумбирот и овошјето за организмот, секогаш е тешко да се убедат малечките да ги конзумираат овие намирници. Особено сега во време на голем број на вируси и грип, заштитата на имунитетот е многу важна. Со силниот имунитет, малечите ќе бидат заштитени и отпорни на многу болести. Баш затоа, како би успеале на полесен начин сите овие здрави намирници да ги воведете во исхраната на малечките, ви претставуваме рецепт за еден вкусен портокалов смути, а со декорацијата и заедничката припрема, малечките ќе го обожаваат.

Низ забава и многу брза припрема ќе добиете права “енергетска бомба“ за малечките.

Потребно е:

-еден портокал,

-едно јаболко,

-корен ѓумбир,

-еден морков,

-малку целер,

-две лажички јогурт.

Припрема:

Постапката е многу едноставна. Прво исчистете ги портокалот, јаболкото, ѓумбирот, морковот, целерот. Потоа исчистеното овошје и зеленчук исецкајте ги, а потоа ставете ги во блендер.

Потоа додадете го јогуртот, испасирајте, и смутито е готово за неколку секунди. Украсете ја оваа портокалова “енергетска бомба“ со лист од нане, моркови, мали овошја и израдувајте ги своите малечки.

На здравје!

Оставете коментар
Close