Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Во борбата против осипот од пелени

Во борбата против осипот од пелени

Повеќето бебиња, во одреден момент во текот на првите 18 месеци од животот, добиваат осип од пелените. Црвената иритирана кожа на газето и препоните обично доаѓа во текот на летните месеци, но може да се обидете да ја запрете.

Пеленскиот осип, покрај тоа што боли и пече, најчесто се развива кај децата во текот на летото, кога на  бебето му е жешко и  "доста од се". Бабицата Ники Кан веќе со години стекнува искуство во борбата против пеленскиот осип, а денес посочува неколку работи кои можат да помогнат да се спречи развојот на оваа, како и за бебињата и родителите, оваа напорна ситуација.

1. Промена на пелена пред и по оброците / доењето е од суштинско значење за да се спречи развојот на осип од пелени. Стекнете ја оваа рутина и држете се до неа и бебето ќе биде благодарно.

2. Дозволете вашето бебе да има повеќе време без пелени. Циркулацијата на воздухот околу бебешкото газе ќе му даде шанса да "дише".

3. Бидете внимателни со миризливи сапуни, детергенти и детски марамчиња. Тие можат да мирисаат добро, но состојките обично се премногу силни за нежната кожа, па иритацијата може да се зголеми, што ќе ја зголеми можноста за развој на осип.

4. Ако сте среќници чие бебе спие цела ноќ, секогаш пред да спие ставете му чиста пелена. Тоа е сосема логично, бидејќи што е подолго бебето во валкани пелени, толку е поголема веројатноста да се добие осип од пелени, бидејќи елементите на урината и столицата ја иритираат кожата, а да не се спомене и фактот дека носењето полна пелена е непријатно.

5. Користете го кремот секој пат без исклучок. Користете мрсни креми кои создаваат подебел заштитен слој, но исто така ја негуваат кожата и ја штитат од инфекција.

6. Ако, по менувањето на пелени секогаш го миете бебето со вода, не заборавајте да користите мека крпа или памук за да го избришете и бидете сигурни дека кожата е сосема сува, и тоа без да  стегате премногу, така што нема да ја иритирате.

7. На крајот, избегнувајте користење на бебешки пудри при повивањето, бидејќи тоа може да предизвика поголема иритација со блокирање на порите. Исто така, пудрата не  заштитува од бактерии од урината и столицата на ист начин како и кремот.

Оставете коментар