Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Воведување на цврста храна

Воведување на цврста храна

Тогаш кога бебето ќе почне да седнува без вашата помош, ќе гризе и ќе џвака предмети и ќе ја удвои тежината што ја имало при раѓање, може да се смета дека е подготвено за цврста храна. Обично ова е на возраст од 4-6 месеци. Претходно посоветувајте се со педијатарот.

Основна опрема за исхрана со цврста храна

Преминот од млеко кон цврста храна бара дополнителна опрема.

Бебешки лажици: Се прават од некршлива пластика. Доволно се мали за да бидат компатибилни со ситниот устен приклучок на бебето, а доволно меки за да не му ги повредат непцата. Ќе ви бидат доволно две до три.

Бебешки чинии: Се прават специјално за бебиња од некршлива пластика и собираат мало количество храна.

Лигавчиња: Мали парчиња штоф што се врзуваат за вратот на бебето со намера врз облеката да се најде што помалку истурена и размачкана храна. Се купуваат во продавниците за бебешка опрема.

Стол за хранење: Овој додаток ќе ги намали мобилноста и просторот за движење  на бебето во текот на хранењето. постојат најразлични верзии, главно сите имаат вграден послужавник на кој стои храната. Изберете стол со цврста и стабилна конструкција.

Внимавајте - Не хранете го бебето во стол за хранење додека не почне да седнува без ваша помош. Никако не оставајте го без надзор во столот.

Оставете коментар