Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Воведување на цврста храна за бебе од 4 – 6 месеци

Воведување на цврста храна за бебе од 4 – 6 месеци

ВОВЕДУВАЊЕ НА ЦВРСТА ХРАНА НА БЕБЕ ОД 4-6 МЕСЕЦИ

Воведување на цврста храна за вашето бебе е голема пресвртница која ги поставува темелите за навика на здравата исхрана.

Ова е првата фаза која може да биде многу напната и застрашувачка за родителите. Најважна работа која треба да ја запаметите е дека не постои златен стандард, тоест прав начин за воведување на цврстата храна за бебето. Запаметете дека повеќето педијатри препорачуваат воведување на цврста храна од 6 месеци.

Повеќе за тоа што може да јаде вашето бебе од 4-6 месеци

Светската здравствена организација препорачува воведување на цврстата храна на 6 месеци. Многу педијатри  понатака препорачуваат воведување на цврста храна на 4 месеци. Оваа табела важи за сите возрасти и фази до 12 месеци.

Житарки

Оризот и овесните снегулки се со најмалку алергени и повеќето бебиња ја започнуват дохраната со нив. Првата храна на бебето не мора да биде житарки-пробајте прво со овошје авокадо или банана.

Овошје

Овошјето треба да биде варено. Свежото овошје се дава на бебето после осмиот месец или порано но овошјето треба да е меко, за бебето да нема проблеми со варењето. Бананата и авокадото не се варат.

Зеленчук

Секогаш варете го зеленчукот се додека бебето не наполни 12 месеци, тогаш ќе биде во можност да јаде свеж зеленчук.

Протеини

Секогаш месото сервирајте го варено без црвените делови-никогаш немојте да му давате на бебето или малото дете свежо месо неварено.

Млечи производи

Никогаш немојте да го замените мајчиното/адаптираното млеко со обично до навршување на бебето на 12 месеци, затоа што може да има сериозни здравствени ризици. Никогаш немојте да му давате на бебето помало од две години млечни производи со низок процент на млечна маст-само полномасни млечни производи.

Кога размислувате за воведување на цврста храна за вашето бебе имајте на ум дека треба да го гледате развојот на бебето а не календарот. Само затоа што бебето направило 4 месеци не мора да значи дека веднаш морате да му дадете цврста храна во истиот момент.

Колку вашето бебе од 4-6 месеци ќе изеде за својот прв оброк?

Бебето сигурно ќе изеде 1/2 супена лажица од кашичката за својот прв оброк. Немојте да се грижите ако вашето бебе не го заврши оброкот, сепак тоа е ново искуство за бебето.

Колку повеќе бебето се навикнува на цврстата храна, постепено ќе ја зголемувате големината на порцијата. Запаметете, во оваа фаза мајчиното млеко/формула и понатака ги обезбедува сите потребни хранливи материи за вашето бебе.

Многу родители ќе забележат дека нивното бебе во првите обиди ќе ја исфрла храната од уста. Ова е нормално, но може да значи и дека вашето бебе уште не е спремно за цврста храна.

Секогаш посоветувајте се со педијатар пред да ја воведете цврстата храна.

 

Оставете коментар