Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Воведување на храна: авокадо 6+

Воведување на храна: авокадо 6+

Авокадото е тропско овошје со зелена боја.

За разлика од повеќето овошја, авокадото не е со сладок вкус, тоа е повеќе неутрално и се комбинира во слатки и солени јадења и ретко се конзумира самостално.

Поради специфичната кора, тоа се нарекува и алигатор меѓу овошките.

Како да се избере и да се подготви авокадо?

 

Внатрешноста на зрелото авокадо е жолтеникаво зелена. Ќе знаете дека е зрело кога станува меко на допир, но не премногу. Подобро купете потврдо авокадо и да зрее неколку дена на собна температура, а не премногу меко, кое, најверојатно, нема да биде за јадење следниот ден.

 

Исечете го на половина, долж надолжната оска и извадете ја семката. Кога е зрело, можете да го јадете со лажица. Ако не го користите целото овошје, оставете го остатокот во проѕирна фолија и чувајте го до следниот ден во фрижидер.

Зошто да му дадам на бебето да јаде авокадо?

 

Ова овошје е калорично и богато со незаситени масни киселини, па кога ќе се додаде во зеленчукови кашички, не треба да додавате масло. Мастите што ги содржат влијаат врз зголемувањето на добриот холестерол и намалувањето на лошиот.

 

Покрај тоа што е една од овошките, која нема многу хемија и содржи магнезиум и калиум, како и витамини Е, К и Б

 

Бебињата го сакаат во комбинација со банани, за возраст од 12+ додадете какао и добијте убав пудинг.

 

Честа состојка е на солените намази.

 

Оставете коментар