Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

За правата на сите деца во светот: Денеска се одбележува светскиот ден на детето

За правата на сите деца во светот: Денеска се одбележува светскиот ден на детето

20 ноември претставува многу важен ден за подигање на друштвената свест за правата на децата.

Овој меѓународен настан го установило Генералното Собрание на Обединетите нации во 1954 година, како би се придобило вниманието од јавноста на обврските кои ги има друштвото спрема децата, како и на актуелните проблеми со кои децата се соочуваат.

И покрај големиот напредок кој е остварен за децата од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето во 1989 година, правата на милион деца ширум светот се кршат секојдневно, а децата се соочуваат со големи предизвици.

Речиси 50 милиони деца се раселени од своите домови, 250 милиони деца живеат во земји кои се погодени од немири, а милиони деца живеат во екстремна сиромаштија.

Покрај сиромаштијата, голем проблем на децата претставуваат и неадекватната исхрана, оневозможениот пристап за образование и социјализација, како и вакцинацијата.

Децата исто така, во многу случаи се изложени на насилство и дома и во друштвото.

Детските права се утврдени во Конвенцијата за правата на детето, која ја ратификувале 193 земји, а основните принципи се правото на живот, опстојувањето и развојот, најдобриот интерес на детето, правото на партиципација, како и правото на недискриминација.

Денешниот датум 20 ноември е ден кога во 1959 година Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето.

Тој ден во 1989 година Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои и Конвенцијата за правата на детето.

Од 1990 година Светскиот ден на детето одбележува и годишнина од датумот кога Генералното Собрание на Обединетите нации ја усвои и Декларацијата и Конвенцијата за правата на детето.

Оваа година е посебна затоа што се одбележуваат 30 години од Конвенцијата за правата на детето.

Оставете коментар
Close