ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  За правилно растење и развој – вежби на стомаче
    За правилно растење и развој – вежби на стомаче

    За правилно растење и развој – вежби на стомаче

    Лежењето на стомаче е одлична прва вежба за бебињата – со неа се зајакнува телото и се подобрува координирањето на движењата, а сето тоа им е потребно за да научат да седат, лазат, стојат…

    Пред десет години, педијатрите ги советувале мајките да го ставаат бебето да спие на стомаче, меѓутоа со текот на времето, оправдана е препораката за бебето да спие на грб. Проверено е дека бебињата кои спијат на грб побавно ја развиваат моториката на движењето, затоа што не ги користат мускулите за свртување, лазење и стоење. Каде е решението? Едноставно, секогаш кога бебето е будно ставете го да лежи на стомаче.

    Корисни вежби за бебето

    Ајде да вежбаме

    Ставете ќебенце на подот и ставете го бебето да лежи на стомаче. Во почеток ова правете го секојдневно, по десет минути. Кога бебето ќе наполни четири месеци, тоа ќе се подига на лактите држејќи ја главата исправено и ќе успее да го подигне градниот кош од подлогата. На таа возраст и ноџињата ќе ги подигнува од подот. Штом малку ќе порасне, околу шестиот месец, бебето ќе лежи на стомаче и ќе ги подава рацете напред, а кога ќе биде посилно, ќе се случи да се сврти на страна или да се преврти на грб. Освен физичките предности на оваа положба, тука е и психолошката страна – секој пат кога бебето ќе направи нешто по прв пат, тоа достигнување го охрабрува бебето за следниот подвиг.

    Тимска работа

    За да го охрабрите бебето, легнето покрај него и играјте заедно. Поттикнувајте го да ги зајакнува мускулите и ќе видите колку ќе ужива. Секојдневно ставајте го да лежи на стомак, оваа активност нека ви стане вообичаена навика и игра. Држете го бебето на око и никогаш не го оставајте само. Бебето можете да продолжите и понатаму да го ставате да спие на грб.

    Почнете на време

    И новороденчето можете да го ставите на градите (во прегратка) за да има чувство на сигурност или ставете го во скут на неколку минути за да се навикне на различни положби. Имајте на ум една работа, немојте тоа да го правите после јадењето затоа што бебето може да бљуцне.

    Удобноста е клуч

    Ставете го бебето на под на чиста подлога или на ќебенце. Ако почне да негодува, сигурно не му е удобно, па затоа додадете уште едно ќебенце за подлогата да му биде помека. Превиткајте го пешкирот и ставете му го под градите за полесно да ја подигнува главата и да ја разгледува околината.

    Глава до глава

    Легнете покрај своето бебе на стомак и свртете ја главата кон него. Пејте му или правте гестикулации пред него. Можеби ќе ви биде смешно, но ќе успеете да му го одвлечете вниманието и нема да му биде досадно.

    Забава

    Купете неколку меки играчки и ставете ги на раката на бебето. Кога ќе ги види играчките, ќе проба да се помрдне и да ги фати играчките.