Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

За што служат фонтанелите?

За што служат фонтанелите?

Мозокот на новороденчето е релативно голем во однос на остатокот од телото, но всушност преставува само 25% од големината на мозокот на возрасен човек. Растот на мозокот е најинтензивен во првата година од животот, а за да се одвива непречено – неопходно е постоењето на фонтанели. Тие се всушност празен простор кој коските на главата го пополнуваат со тек на растот. Подоцна растот значително се забавува, па доаѓа до затворање на фонтанелите, додека пак до сраснување на коските на черепот доаѓа подоцна, во другата деценија од животот, кога се завршува периодот на раст.

Постоењето на фонтанелите значајно го олеснува раѓањето на детето, затоа што дозволува помрднување па дури и преклопување на коските на черепот при излезот низ породилниот канал, а по пораѓајот се се враќа набрзина на своето место.

Врзувачкото ткиво на фонтанелите пропушта ултразвучни бранови, што овозможува едноставен преглед на бебешкиот мозок се додека фонтанелите не се затворат.

Оставете коментар
Close