ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  За здрав и правилен развој на децата: Намирници богати со калциум
    За здрав и правилен развој на децата: Намирници богати со калциум

    За здрав и правилен развој на децата: Намирници богати со калциум

    Недостаток од калциум во организамот можеме да го надокнадиме со правилна исхрана. Дознајте кои намирници би требало да ги конзумираат малечките со што правилно би се развивале.
    Многу е важно во раната младост да се внесува доволна количина на калциум бидејќи тој е неопходен за правилен развој на целиот систем и заби, но и за правилно функционирање на мускулите.
    Недоволниот внес на овој минерал може да го успори или ослабне растот на коски, што е последица на тоа дека има губење на коскената маст во подоцнежната доба, но и развој на хипертензија и појава на други здравствени тегоби.
    Во продолжение прочитајте кои намирници можете да ги понудите на своето семејство со што би се подигнало нивото на калциум во организмот.
    1.Млечни производи
    Најдобар извор на калциум се секојдневните производи-сирење, млеко, јогурт. Погрижете се вашето дете да има барем еден млечен оброк дневно, било тоа да е чаша млеко или јогурт со житарки што може да биде одличен доручек или пак ужина. Ако вашето малечко не сака млечни производи прво понудете му ги оние кои се наменети за најмладите-милкшејк, овошен јогурт со намален шеќер.
    2. Ситна риба
    Сардината претставува една од најздравите врсти на риба. Освен тоа што се богати со омега 3 масни киселини кои се важни за правилен развој на мозокот, богати се со калциум и витамин Д што претставува идеална комбинација.
    3. Зелен зеленчук
    Кељ и брокули се зеленчук се зеленчук кој морате да го внесете во вашата исхрана на детето бидејќи изболуваат со калциум кој им помага да го зајакнат имунитетот. Спанаќот исто така е важен во борбата против недостаток на овој минерал бидејќи содржи магнезиум кој содржи калциум во нашето тело.
    4. Семки од сончоглед и сусам
    Калциумот е доста застапен во сусамот и помаќа во чување на цврстината на коскената маса. Освен тоа претставува одличен извор на магнезиум, железо, бакар и манган, влакна и витамин Б1.
    5. Сок од портокал
    Портокалот или свежиот цеден сок од портокал се богати со витамин Ц но и калциум. Овој цитрусен напиток вашето дете со сигурност нема да го одбие и ќе ужива во конзумирањето.