Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Задолжително чистете ги гумените играчки за капење

Задолжително чистете ги гумените играчки за капење

Често родителите за да го олеснат капењето во кадата ставаат секакви играчки за да ги забавуваат своите малечки. Научниците докажаа дека големиот број од тие играчки, како на пример популарната патка се легло на бактерии.

Научниците од швајцарскиот државен институт за наука и технологија во Цирих и од Универзитетот во Илиноис дојдоа до заклучок дека било каков пластичен материјал потопен во вода во кадата е идеална подлога за развој на бактерии.

Внатрешните делови на пластичните играчки со кои децата си играат во кадата се преполни со бактерии, што се гледа со голо око, дури кога детето играјќи се, ќе ги притисне а од нив ќе излезе темна течност, стои во извештајот на научниците која ги објави швајцарската влада.

Големиот број на луѓе мислат дека и самите играчки се перат за време на капењето, а всушност при стискањето тие од себе испуштаат воздух и создаваат звук на пискање а во таа прилика доколку гумената играчка е под вода таа назад прима вода која во неа може да се задржи со денови. Таквата вода со тек на време се претвора во легло на бактерии, предупредуваат научниците.

Швајцарските и американските научници единаесет недели спроведуваа експеримент со пластични играчки за капење. Резултатите од истражувањето покажаа дека речиси во 80% од играчките се пронајдени потенцијално патогени бактерии како што се Legionella и Pseudomonas auroginose.

Научниците во објавата напоменаа дека споменатите бактерии не го загрозуваат здравјето на децата, освен во случаите на отворени рани кои можат да дојдат во допир со овие бактерии и дополнително да се инфицираат.

Бактериите од пластичните играчки кај некои деца го зајакнуваат имунитетот, но во некои случаи можат да резултираат со желудочно – цревна инфекција, инфекција на очите или ушите, вели Фредерик Хамес еден од научниците кои работеа на истражувањето.

Научниците сметаат дека не е потребно да се фрлат сите пластични играчки кои децата ги имаат во кадата, меѓутоа е важно еднаш неделно добро да се исперат и да се дезинфицираат. Најдобро е да се исчистат со антибактериски сапун а потоа внатрешноста да се измие со сода бикарбона. Потоа да се остават да се исушат до следното капење.

Оставете коментар