Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Запознајте го вашето дете преку играта

Запознајте го вашето дете преку играта

Играта е еден од најефикасните начини да се запознаете со секое дете. Преку неа, детето се открива себеси, неговиот внатрешен свет на желби, стравови, потреби, тешкотии и конфликти.

Поради ограничени вербални способности на рана возраст и тешкотиите со зборови да ги изразат своите чувства, психолози, наставници и воспитувачи користат игра како средство за дијагноза но исто така и како средство за терапија, затоа што играта може и да лекува.

Затоа, родителите треба да бидат внимателни и да го надгледуваат детето додека си игра, бидејќи тоа исто така може да ја изрази својата вознемиреност, загриженост, незадоволство, нивните потсвесни стравови или огледување на  негативните модели на однесување. 

Ако забележите дека вашето дете преку играта манифестира особено негативни чувства, ако во играта е незадоволно, ако неговата игра е едноставна, мрачна, деструктивна или рефлектира недолично во една активност, контактирајте со специјалист за совет. 

Можно е дека вашето дете се соочува со криза, но тоа е премногу незрело со зборови да ви каже  зошто е исплашено или несреќно.

Оставете коментар