Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Запознавање со педијатар

Запознавање со педијатар

За сите бебиња е потребна помош од сервисната служба, уште позната и како педијатар. Закажете лична средба и поставете некои од следниве прашања:

- Дали имате некоја посебна филозофија? Некои педијатри имаат посебен пристап кон одгледувањето деца, а други се со став. Дознајте која е нивната филозофија и дали е слична или различна од вашите ставови.

- Дали лично вие ќе го прегледате бебето кога ќе закажеме?

Некои болници и клиники располагаат со служба од повеќе педијатри. Идеално би било да се среќавате со истиот педијатар при секоја посета.

-Кој ви е замена во случај на ваше отсуство? Нормално е сервисната служба да има и други вработени, исто како што е нормално да се распрашате за нивните квалификации и нивната подготвеност.

-Дали закажувате посети во исто време на болни и здрави деца? Дали имате различни чекалници за здрави и болни деца? Со ова ќе ја намалите изложеноста на бебето на други болни деца.

-Кое е вашето работно време? Ова е особено важно ако двајцата родители имаат полно работно време. Некои служби имаат флексибилно работно време.

- Дали прифаќате телефонски повици  во текот на целиот ден или само во одредено време? Повеќето педијатри избрале некои од овие два модела. Запознајте се со нивните практики уште од почетокот за да ги избегнете нервозите и недоразбирањата понатаму.

-Дали инекциите ќе ги дава вашата медицинска сестра или асистент? Кај повеќето бебиња се развива страв од личноста која им дава инекции. Идеално е педијатарот да има медицинска сестра или асистент за оваа задача.

Распрашајте се кај семејството, пријателите и колегите и видете кого го препорачуваат тие. Потоа одберете го оној педијатар што ви оставил најдобар впечаток при личната средба.

Оставете коментар