Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Здрава бременост во текот на зимата

Здрава бременост во текот на зимата

Бременоста во текот на зимата на многу жени им претставува проблем. За бремените жени е многу важно во овој период повеќе да внимаваат, почнувајќи од негата на кожата па се до топлото облекување.

Грижете се за себе

Ако сте навикнати редовно да вежбате, продолжете да се придржувате на своите навики, но избегнувајте активности како што се скијање и лизгање на мраз затоа што може да паднете и да го повредите бебето.

Немојте вие да го чистите снегот, за да не ги оптоварите мускулите на грбот и стомакот. Имајте на ум дека оддржувањето на рамнотежата во текот на бременоста е многу важно, затоа купете квалитетни чевли во кои сигурно ќе се движите  во зимски услови.

Победете го лошото расположение

Брзите промени на расположението се карактеристични за бремените жени, а на зима може да бидат уште поизразени. Ако сте склони кон зимски депресии, обратете се на стручно лице кое ќе ви даде совети. Зимската депресија може да ја победите со правилна исхрана и прошетки на свеж воздух.

Хранете се правилно. Внесувајте Омега-3 масни киселини така што најмалку два пати неделно ќе јадете риба.

Бидете што повеќе активни и ќе го поттикнете ослободувањето на ендорфинот, хормонот на среќата.

Негувајте ја кожата

Промените во температурата, ладниот воздух и греењето во станот можат да ја оштетат кожата, особено на бремените жени кои поминуваат низ хормонални промени. После секое капење или туширање намачкајте ја кожата со хидратантна крема. Избегнувајте да употребувате врела вода која додатно ја суши кожата.

 

 

 

 

 

 

Оставете коментар