Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Зелена столица кај бебињата

Зелена столица кај бебињата

Во првите месеци на бебето, загрижени сме за многу работи, некогаш грижата е непотребна и поради вкоренетите погрешни уверувања. Некогаш се сметало дека зелената столица на бебето е столица на глад, па жената неретко престанувала да дои, воведувала дохрана и слично.

Денеска знаеме дека зелената столица најчесто не е причина за загриженост и дека не треба да го прекинуваме доењето.

Зошто столицата на бебето е зелена?

Зелената столица кај бебето не е веднаш причина за загриженост. Бојата инаку варира од зеленкасто-кафена до златно жолта, а повеќе за столицата на бебето може да прочитате овде:

Ако вашето бебе има зелена столица, причината поради тоа може да биде:

1.Moжеби пиете препарати со железо, но и ако вие или бебето пиете некои лекови.

2.Ако бебето примило вакцина, некое може да реагира со зелена столица.

3.Ако бебето оддеднаш голта премногу млеко. Можно е да му се створат ситни водушни меурчиња кои ќе произведат зелена столица. Можете да пробате да го храните бебето легнати на грб, за млекото да тече побавно и додека тоа сака. Во таа положба млекото ќе тече побавно.

4.Може да се случи бебето да реагира на нешто што вие сте го изеле. Ако покрај зелената столица добие и екцем или осип, најдобро е да го одведете на преглед кај педијатар.

5.Бебето може да има инфекција, посебно ако има дијареа. Столицата на доено бебе вообичаено е ретка, но ако забележите и промена во нејзиниот изглед, одведете го бебето на преглед кај педијатар.

Ако не сте сигурни дали бебето доволно јадело, држете го неколку минути исправено, а потоа понудете му ја дојката повторно. Некои бебиња сакаат да направат пауза пред да продолжат со оброкот. Вашето бебе знае колку храна му е потребно и не можете да го храните премногу ако исклучиво го доите.

 

 

Оставете коментар