Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Жените пред бременоста треба да го проверуваат холестеролот – советуваат стручните лица

Жените пред бременоста треба да го проверуваат холестеролот – советуваат стручните лица

Покачениот холестерол во крвта често нема никакви симптоми, па затоа раното дијагностицирање е многу важно, поготово кога се трудниците во прашање.

Осум од десет жени во репродуктивниот период никогаш го немаат проверено нивото на холестерол во крвта, без оглед на честите предупредувања дека првото тестирање на холестеролот во крвта треба да се направи во раната возраст (преку 20 години) – покажуваат резултатите од студиите спроведени на Американскиот колеџ за кардиологија.

Истражувачите ја истакнуваат важноста на раното тестирање на крвта, како би се идентификувале оние со покачено ниво на холестерол, вклучувајќи и семејна хиперхолестеролемија и наследна дислипидемија.

Истакнато е дека овие две состојби се доста чести, но често не се дијагностицирани, па можат да доведат до срцев удар во младоста. Додека многумина не препорачуваат проверка на холестерол во бременоста, постојат докази дека високиот холестерол има влијание на предвременото породување, како и на раѓањето на дете со помала тежина, што подоцна може да влијае на разни болести на срцето, но и да доведе до смртен исход.

Истражувачите користеа податоци за висината на холестеролот од 5.101 жена кои се породиле во Универзитетската Болница во Пенсилванија и во Пенсилваниската Болница во периодот од Март 2009 година до Август 2018 година.

Нивото на холестерол во текот на бременоста е исклучено, затоа што е сфатено како ниво кое природно се покачува во тој период.

Од сите жени вклучени во студијата 22% никогаш го немаа проверено холестеролот во крвта.

Американската организација за срце предложи сите возрасни преку 20 години да го проверат холестеролот во крвта.

Оние жени кои го имаа проверено холестеролот се повозрасни жени, обично со оболувања на коронарната артерија, висок крвен притисок и дијабетес.

Стручните лица истакнуваат дека раното дијагностицирање би довело до рано идентификување на поврзани болести, затоа што тоа влијае како на мајката, така и на децата и останатите роднини.

Многу луѓе со хиперхолестеролемија се млади и изгледаат здраво, додека пак артериите покажуваат нешто сосема спротивно.

Проверувањето на холестеролот кај жените има влијание на мајчинството и на здравјето на фетусот. Знаењето дека жената пред бременоста има висок холестерол е исто така многу важно, затоа што така може да се намали кардиометаболичкиот ризик (дијабетес и срцеви оболувања).

Не постојат знаци ниту симптоми за покачен холестерол во крвта, па првиот знак може да биде срцев удар.

 

 

Оставете коментар