Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Зимски температури: Од возраста на детето зависи колку долго може да биде надвор

Зимски температури: Од возраста на детето зависи колку долго може да биде надвор

Нема пропишани температури при кои не смее да се оди надвор. Идеалните зимски температури за престој на отворено се околу 0 степени или нормално повеќе. Се зависи и од времето, ако има невреме, бура или лапавица нормално е дека нема да одите со бебето на прошетка.

Зимата и ладното време со ниски температури не се препрека детето да се изведе на прошетка доколку е здраво. Нема пропишани температури при кои не смее да се оди надвор.

Во Скандинавија и на северот бебињата се изнесуваат на прошетка и при температури од -5 и -10, под услов истите да се адекватно облечени. Идеалните зимски температури за престој на отворено се околу 0 степени или нормално повеќе.

Не е препорачливо да се шета ни кога има магла, а совет е да се избегнуваат и ноќните прошетки.

Многу е важно како ќе го облечете бебето. За ниските температури бебето морате да го опремите со скафандер, шал, капа, ракавици, дебели чорапи...

Новороденче и бебе до една година

Новороденче до еден месец не би требало да се носи на прошетка во зима кога е ладно. Доенче на возраст од еден месец до една година може да се носи надвор на прошетка ако е добро облечено дури и кога температурите се во минус.

Температурата може да биде и -5, доколку е сончево, без ветар и доволно пријатно за родителите да се прошетаат со бебето.

Престојот зависи од тоа колку време ќе биде пријатно, на пример половина до еден час би било доволно под услов бебето да е задоволно, а родителите можат од време на време да му ги допираат рацете или носето за да проверат да не му е премногу ладно.

 

Оставете коментар
Close