Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Животни лекции кои можеме да ги научиме од децата

Животни лекции кои можеме да ги научиме од децата

Мудроста не доаѓа секогаш со годините. Еве што возрасните можат да научат од децата!

Децата уживаат во моментот, не се оптеретуваат со она што било, едноставно ја креираат среќата. Еве кои животни лекции можеме да ги научиме од децата:

Мечтаењето е фантастична работа

Стареењето е неизбежно, но не дозволувајте годините кои поминуваат да го згаснат детето во вас. Потрудете се да не станете досадни и да не ви биде досадно без оглед на тоа колку години имате.

Парите навистина не значат премногу

Децата ги забележуваат малите работи во светот околу себе, се насмевнуваат кога ќе видат цвеќе во паркот, мачка или куче на улица. И се смеат, понекогаш толку убаво и без некоја одредена причина. Насмевката не чини ниту еден денар.

Почитувањето е двонасочна улица

Не можете да очекувате некој да ве почитува ако и вие не го почитувате него. Дали некогаш сте се запрашале зошто децата се “невозможни” баш кај оние учителки кои се залагаат за ред и дисциплина? Морате да умеете да слушате, за другите да ве слушаат вас.

Сончевиот ден и тревата се најефтините и најчистите извори на задоволство на овој свет

Немојте да дозволите да пропуштите прекрасни моменти затоа што се плашите дека ќе ги извалкате панталоните.

Немојте да лажете

Бидете доследни, држете се до своите убедувања и искрено кажете што мислите. Знаете како се вели – децата не знаат да лажат. Помислете колку животот би бил подобар кога луѓето не би лажеле.

Правењето на колачиња е успешно, дури и ако ти не успеат

Знаете како изгледа кога децата прават колачи? Неред на сите страни и кујна полна со насмевки. После толку забава, никому не му е важно дали колачињата биле совршени. Едноставно уживајте.

На сите понекогаш ни е потребно некој да не држи за рака

Толку е едноставно.

Чекорете низ животот без страв, со љубопитност како дете и немојте да дозволите секојдневието да ве претвори во огорчена личност со скршено самопочитување. Што прават децата кога ќе паднат? Стануваат и се залетуваат повторно, зарем не?

Оставете коментар
Close