Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Знаете ли која големина на отвор на цуцла треба да одберете?

Знаете ли која големина на отвор на цуцла треба да одберете?

Различните големини на отворите на цуцлата на шишето измислени се за различни типови на храна. Која големина на отвор треба да ја одберете и кога таа е вистинската?

Големината на отворот на цуцлата за шишето не се зголемува со растењето на детето.

Секое шише на својата амбалажа има назначено колкава е големината на отворот  на цуцлата на шишето. Постојат S,M и L големини, од кои S е ознака за најмал отвор а L за најголем. Мајките многу често мислат дека како расте детето така треба да се зголемуваат и отворите на цуцлата, но тоа е погрешно. Најмалиот отвор е наменет за најретката храна, како чај и млеко, а поголемите отвори се за погуста храна.

Како да знаеме кој отвор е добар?

Најдобар начин за да одредите кој отвор е најдобар, е да ја тестирате цуцлата, да видите како храната односно течноста излегува од неа. Кога ќе го поставите шишето надоле, течноста би требало да капе од цуцлата, а не да тече како млаз. Тоа е направено со причина. Кога течноста односно храната побрзо би излегувала од шишето, тоа не би било добро за детето. Кога детето ќе се труди да ја извлече храната од шишето, коските на вилицата и мускулите на лицето работат, вежбаат и се развиваат. Така шишето е имитација на сите работи кои бебето треба да ги направи ако цица од дојката на мајката. Тоа секако нема да се случи ако отворот на цуцлата на шишето е поголем.

Оставете коментар
Close