Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Зошто ручекот со семејството е добар за здравјето

Зошто ручекот со семејството е добар за здравјето

Децата и родителите кои јадат заедно на иста маса имаат помал индекс на телесна маса.

Јадењето заедно со семејството на иста маса, наместо пред телевизорот или во фотеља, може да помогне во борбата против гојазноста, соопштија научниците.

Истражувањето покажа дека семејствата кои јадат заедно на иста маса, наместо сами пред телевизор или паралелно со некоја друга активност имаат помал индекс на телесна маса – фактор кој се зема во предвид кога се одредува гојазноста.

Родителите кои имаат поголем индекс на телесна маса најчесто јадат пред телевизорот додека пак децата кои имаат “друштвени семејни оброци”  се повитки - поготово во заедниците кај кои никој не станува од масата додека сите не завршат со јадењето, се наведува во истражувањето.

Иако резултатите од ова истражување не мораат нужно да значат дека семејните навики непосредно влијаат на формирањето на индексот на телесна маса, истражувачите ја нагласуваат важноста од собирањето на семејството на иста маса при јадењето.

На тој начин, покрај своевидниот вид на социјализација поради комуникацијата, на масата се спречува и прејадување, се постигнува подобро расположение, а посветувањето на внимание на семејството што има позитивен ефект, додаваат научниците.

Истражувањето со кое раководел докторот Брајан Вансинк за Универзитетот Корнел, опфатил 190 родители и околу 150 деца, кои одговарале на различни прашања во врска со исхраната, а се вршело мерење на нивниот индекс на телесна маса.

Прашалникот содржел прашања за тоа колку често јадат заедно на иста маса со семејството и што прават за време на оброкот кога се сите заедно.

“Оваа интеракција кога целото семејство е на иста маса произведува многу позитивни чувства отколку кога се јаде пред телевизор или сам.

Иако не ние сосема јасно какви врски постојат помеѓу семејниот ручек и помалата гојазност, неговите вообичаени ритуали не би требало да бидат потценети како потенцијално средство во борбата против гојазноста.

Каде се јаде, колку долго и со кого, може да има клучна улога во тоа дали некој ќе стане гојазен, заклучуваат научниците.


 

 

Оставете коментар