Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Зошто бебињата сакаат крушки?

Зошто бебињата сакаат крушки?

Крушката често претставува еден од првите избори, кога на бебето сакате да му понудите нови немлечни вкусови. Со оглед на тоа дека крушката е овошје со најмалку киселини, таа, покрај јаболкото, претставува најдобар избор за првите овошни оброци.

Бебињата главно лесно ја прифаќаат и брзо станува дел од секојдневниот оброк затоа што е слатка, вкусна но и многу здрава.

Зошто крушката е толку здрава?

1.Исклучително е богата со минерали: калиум, фосфор, калциум, магнезиум, железо.

2.Поседува многу витамини: А, Б, Ц и Д.

3.Богата е со влакна кои се многу значајни затоа што позитивно влијаат на дигестивниот систем кај бебињата.

4.Предизвикува алергии многу помалку од другите овошја.

5.Содржи антиоксиданси кои помагаат во зајакнување на имуниот систем.

Поради големата количина на калциум, крушката е овошје кое никако не треба да го прескокнеме во менито на бебето. Оваа сочна овошка брзо дава чувство на ситост, а во исто време дава енергија и сила.

Оставете коментар