Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Зошто бојата на бебешките очи се менува?

Зошто бојата на бебешките очи се менува?

Многу бебиња кога ќе се родат имаат очи во сина или сивкаста боја, а со тек на време бојата се менува во зелена или кафена. Поради што доаѓа до тие трансформации?

Мајки, ако сте добиле дете кое има сини очи, нагледајте се на неговите очи колку што е можно повеќе на почетокот, затоа што може да се случи во еден момент бојата на очите да се промени. До тоа доаѓа најрано околу шестиот месец на бебето, но се случува бојата на очите да се промени повеќепати до неговиот прв роденден.

Поради што доаѓа до тие магични трансформации во бојата на очите на бебето?

Одговорот е дека бојата на ирисот (обоениот дел од окото) зависи од количината на меланин кој е присутен во ирисот, како и од генот кој бебето го наследило, меѓутоа постојат и други фактори. За пигментацијата на ирисот одговорни се три гени.

Најчести бои на очи се зелена, кафена и сина, а поретки се сивите и темно кафените очи.

Улогата на меланинот

Меланинот е пигмент кој го произведуваат ќелиите меланоцити, во кожата, очите и косата, поради што е “одговорен” за нивната боја. Кога количината на меланин во очите на вашето бебе е мала, очите ќе му бидат сини. Бебињата кои имаат светол тен имаат и помалку меланин, па поголема е веројатноста дека очите ќе им бидат светли, додека пак бебињата кои имаат потемен тен најверојатно ќе имаат кафени очи.

Ако го има малку повеќе, бојата на очите е зелена, сивкаста или кафена, а ако бебето има многу меланин, очите ќе му бидат темно кафени. Потемнувањето на очите во голем број се случува подоцна поради тоа што кафениот пигмент често не е присутен при раѓањето, но со тек на време се повеќе се создава.

Кога се менува бојата на очите?

Најголемите промени во бојата на очите се случува во периодот помеѓу шест и девет месеци. До таа возраст, во ирисот се создава доволно пигмент, па најверојатно бојата на очите која детето ја има со девет месеци ќе остане иста и понатаму. Меѓутоа, некои бебиња ќе ве изненадат со тоа што нивната боја на очите и понатаму ќе се менува. Но тогаш во прашање се суптилни, помали промени кои се мерат во нијанси.

Така на пример, зелените очи можат да станат кафени, а кафените да добијат уште потемна нијанса. Овие промени се можни се до третата година, а кај мал процент на луѓе се случува ирисот да ја менува бојата и во текот на повозрасните години. Единствено на што не можете да сметате е темната боја на очи да се претвори во светла. Ако вашето бебе има кафени очи, не постојат шанси во еден момент да станат сини.

Оставете коментар
Close