Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Зошто може да дојде до недостаток на хормонот за раст

Зошто може да дојде до недостаток на хормонот за раст

За важноста на хормонот за раст кај децата, но и возрасните можете да прочитате подоле во текстот. За жал кај повеќето поставени дијагнози на недостаток на хормонот за раст не може да се утврди точниот причинител. Причинителите за недостатокот на хормонот за раст можат да бидат различни.

Причинители за недостатокот на хормонот за раст

Кај поголемиот број на случаи за недостатокот на хормонот за раст не е утврден точниот причинител, па има мал број на случаи на докажани причинители кои може да се сметаат за правило.

Истражувањата покажаа дека недостатокот на хормонот за раст главно не се пренесува преку наследен пат. Реткост е недостатокот на овој хормон да биде генетски.

На родителите обично е тешко да им се објасни како доаѓа до недостатокот на хормонот за раст, затоа што не разбираат како истиот се лачи.  Хормонот за раст се излачува од предниот резен на хипофизата. Хормонот за раст се лачи во етапи кои доста осцилираат (најмногу се лачи во првите денови од животот, во пубертетот, во првите часови од сонот), а потребен ни е во текот на целиот живот. Ако хипофизата не произведува доволно од овој хормон, растот може да се забави.

Кога хипофизата континуирано произведува ниско ниво на хормонот за раст доаѓа до недостаток на хормонот за раст.

Причинители за настанување на недостаток на хормонот за раст

Некои деца се раѓаат со вроден недостаток на хормонот за раст. Истражувањата покажаа дека одредени типови на деца со физички проблеми можат да имаат недостаток на хормонот за раст. На пример, децата кои се раѓаат со расцеп на непцата имаат поголема веројатност да имаат недостаток на хормонот за раст.

Оштетувањето на хипофизата или хипоталамусот може да биде резултат на вродена абнормална формација која се развива во тек на развојот на детето во стомакот или нешто што се случило во текот или после раѓањето на детето.

Недостаток на хормонот за раст може да се случи и кога постојат некои мутации на гените за фактори кои се важни за развојот на хипофизата. Меѓутоа, причинителот на повеќето од овие случаи не е познат и објаснет.

Стекнат недостаток на хормонот за раст

Стекнатиот недостаток на хормонот за раст може да се случи во детството или подоцна. Стекнати причинители на недостаток на хормонот за раст можат да бидат:

-повреда на главата;

-аутоимуна состојба – лимфоцитен хипофизис;

-болести кои го инфилтрираат хипоталамусот или неговата поврзаност со хипофизата (хистиоцистоза);

-терапија со зрачење, ако полето на зрачење ги опфаќа хипоталамусот и хипофизата;

-тумори на хипоталамусот и хипофизата.

Важно е да се има во предвид дека недостатокот на хормонот за раст е само една од причините зошто детето бавно расте. Бавниот раст на детето може да биде предизвикан и од некои други синдроми.

Неретко се случува намалениот раст кај децата да биде поради невнесување на хранливи материи, неквалитетен сон, гастроинтестално пореметување, хипотиреоза и други болести и состојби.

Важно е да знаете дека постојат терапии кои можат да помогнат кај недостатокот на хормонот за раст.

Оставете коментар