Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Зошто трудниците не смеат да подигаат и да носат ништо тешко?

Зошто трудниците не смеат да подигаат и да носат ништо тешко?

Прочитајте зошто на трудниците никако не им се препорачува да подигаат тешки работи.

Освен што им е многу тешко, посебно кога стомакот ќе почне да расте, постојат и неколку важни причини кои откриваат поради што подигањето на тешки предмети во бременоста може да биде дури и опасно.

Во бременоста лигаментите стануваат пофлексибилни, а зглобовите помалку стабилни, со што се зголемува можноста за повреда. Како стомакот расте тежиштето се преместува пониско па расте притисокот на долниот дел од грбот кој станува загрозен.

Промената на тежиштето може да предизвика недостаток на рамнотежа кој ја зголемува веројатноста трудницата да падне и со тоа да се повреди себе но и детето.

Кога сте бремени, а морате да подигнете тежок предмет, важно е како го подигате.

Свиткајте се во колената, грбот држете го право и повеќе користете ги мускулите на нозете од мускулите на грбот. Ако предметот е толку тежок да предизвикува сериозно напрегање, немојте да го подигате, туку замолете некој друг за помош.

Оставете коментар