ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  МЛЕЧНИ И СТАЛНИ ЗАБИ- КОГА РАСТАТ
    МЛЕЧНИ И СТАЛНИ ЗАБИ- КОГА РАСТАТ

    МЛЕЧНИ И СТАЛНИ ЗАБИ- КОГА РАСТАТ

    Време кога се појавуваат забите

    Дали сте знаеле дека формирањето на млечните заби кај фетусот почнува во седмата недела од бременоста? Развојот на млечните заби се завршува, и почнува формирање на сталните заби над нив, веќе во 19-та недела од бременоста. Меѓутоа, кога бебето ќе се роди, поминува уште неколку месеци додека не излезе првиот заб.

    Доколку биде потребно на дете во предшколска возраст да му се направи ренгенска снимка на вилица, ќе имате прилка да видите како изгледаат замените на сталните заби кои цело време се наоѓаат во вилицата над млечните заби и чекаат свое време да ги “подбутнат-исфрлат” млечните заби.

    Растење на млечните заби

    Прв заб

    Првиот заб на бебето се појавува во периодот од 4-ти до 10-ти месец. Имајте на ум дека времето на растење на забите е индивидуално и нема никакво влијание на нивниот квалитет. Некои деца првиот заб го добиваат дури во 18-ти месец, ама тоа не е гаранција за подобар квалитет на забите.

    При никнување на забите, непцата може да бидат црвени и отечени, бебето некогаш е нервозно поради чешањето и болката која се јавува во непцата, може да се случи да се јави и температура. Можете да се распрашате и кај детски стоматолог или педијатар за тоа кое стредство е најдобро да го користите за ублажување на болката. На пазарот постојат различни гелови кои содржат блак анестетик. При појава на температура и јака болка, се советува да се даде сируп на база на парацетамол или ибупрофен.

    Раст на млечните заби-секутици

    Прв заб кој излегува е долниот  заб-секутец. Се случуваат и исклучоци. Вториот долен секутец заб обично излегува одма после првиот. Некогаш се појавуваат и заедно во пар. Вообичаено е и останатите секутици да се појават од 6 месеци до првиот роденден.

    Распоред на растењето на забите: долни централни, горни централни, потоа долни бочни (популарно наречени двојки), па горни бочни.

    Интересно е и тоа што долните заби воглавно излегуваат први и тоа девојчињата добиваат заби порано од момчињата. Воглавно забите се појавуваат во пар, со тоа што од излегувањето на забите на левата и десната страна, на иста позиција може да помине неколку дена.

    Растење на млечните заби после првиот роденден

    Ако вашето дете наполнило една година, а ниеден заб не се појавил, нема причина за загриженост. Вашиот педијатар сигурно тоа ќе го примети на систематски преглед, ама може да се случи забите да почнат да растат дури после неколку месеци.

    Во овој период ќе излезат сите предни (секутици) заби, а потоа може да очекувате и раст на преткатниците(четворки) во следните 6 месеци. Преткатниците кои сега растат се помали и помеки од сталните заби који ќе ги заменат. Воглавно сите четири се појавуваат еден по друг скоро во исто време.

    Кога ќе се појават сите четири преткатници, некаде околу 18. месец, може да се очекува и растење на првите очњаци. Кај некој деца очњаците се заби чие излегување највеќе ги мачи. Додека други и не приметуваат кога ќе им излезат, но имаат проблем со излегување на предкатниците. Очните заби се оштри и шилести.

    Последни млечни заби кои се појавуваат се петките, предкатници кои излегуваат после 18 месеци, а најчесто до третиот роденден. Нивното излегување може да биде долготрајно и пропратено со благо крварење.

    Кога ќе се појават и петките , детето има 20 заби и тие сите ќе се менуваат во текот на растењето. Кога детето има 4-ри години, коските на вилицата продолжуваат да растат правејќи простор за нови заби.

    Растење на сталните заби

    Првите стални заби и првите катници-шестките се појавуваат после 6. Роденден.

    Кај децата од предшколска возраст почнува паѓање на млечните заби. Воглавно почнува менување прво на долните секутици, а потоа на горните, па на бочните. Вообичаено е децата првите заби да ги менуваат помеѓу 6. и 8. години. Вадењето и растот на катниците и очњаците е после тоа. Најчесто сите паѓаат до 12-та година. Со полни 12 години детето ги има сите 28 заби.

    Другите стални заби-седмиците се појавуваат во период од 11-13 години, додека умниците-осмици се појавуваат после 16-та година, а може и дури околу 30-тиот роденден. Кај некои луѓе овие заби никогаш не излегуваат, а доколку нема место, може да направат и компликации кои завршуваат со оперативен зафат во амбулантни услови.