
Мобилните телефони и детето
СВЕТСКАТА СТАТИСТИКА
Според истражувањето на истражувачкиот центар Pev Research Center Internet и American Life Project, повеќето деца во Америка го добиваат својот прв мобилен телефон кога ќе достигнат возраст од 12 или 13 години. Статистичките податоци од овие агенции покажуваат дека 23% од децата го добиле својот прв мобилен телефон на 12 години, 23% од децата на возраст од 13 години, додека само 3% од децата добиле мобилен телефон пред 10-тиот роденден. На 10-годишна возраст, телефонот добиле 6%, а на 11 години биле 11%. Само 1% од тинејџерите го добиле својот прв мобилен телефон на возраст од 17 години.
Овие податоци се однесуваат на периодот од 2005 година до денес. Како се менуваат времињата, и старосната граница за купување на мобилен телефон се намалува. Агенциите претпоставуваат дека примерокот добиен во 2015 година на многу начини ќе биде различен од сегашниот и дека старосната граница ќе се намали на помал број години.
Околу 25% од тинејџерите во светот немаат мобилен телефон.
Меѓутоа, во Македонија, децата го добиваат својот прв мобилен телефон со поаѓањето во основно училиште. Ова е малку оправдано бидејќи нема организиран превоз за учениците до и од училиште во нашата земја, има попладневни смени, а децата често се враќаат дома по темни улици.
ШТЕТНИ СТРАНИ
Мобилниот телефон не треба да му се дава на детето пред наполнети 8 години поради неразвиеноста на детските органи и зголемениот ризик од тумор на увото и мозокот, како што е потврдено од страна на Националниот одбор за радиолошка заштита (NRPB) во Америка. Сè уште нема докази дека мобилните телефони имаат такво влијание врз возрасните, но за децата претставуваат опасност. Поради оваа причина, особено на бебињата и малите деца, треба да им биде забрането да го користат вклучениот мобилен телефон како играчка.
Штетен ефект може да се избегне со користење на телефонот до две минути неделно.
Корисни страни
Тие се многу корисни кога родителите треба да бидат информирани за промена на распоредот, дали часовите се завршени или ако треба да останат подолго во училиштето. Потоа, ако одат на тренинг, курс по јазик или воннаставни активности, особено ако постои пауза помеѓу училиштето и другите активности.
Подесувањата на мобилен телефон и оператор ни дозволуваат да го ограничиме времетраењето на повикот, како и кредитната потрошувачка на мобилниот телефон, а со овие додатоци, употребата на телефонот станува корисна и оправдана.
Друга добра страна на употребата на мобилни телефони е ГПС што можете да го активирате, така што ќе можете да проверите каде е детето. Оваа карактеристика не е неопходна првенствено да го “следите” детето, како што многу луѓе мислат, но можете да го најдете во случај да е изгубено, да се качи во погрешен автобус или едноставно не го слуша мобилниот телефон.
Ако има потреба, би било добро да му дозволите на вашето дете да поседува мобилен телефон или да му го позајмите кога е потребно. Сепак, причината за купување на телефон не може да биде она “сите деца веќе имаат”.