• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Модерни детски комбинации: На што мора да се обрне внимание при изборот на детска облека
Модерни детски комбинации: На што мора да се обрне внимание при изборот на детска облека

Модерни детски комбинации: На што мора да се обрне внимание при изборот на детска облека

Изложени сме на различни модни трендови, како за возрасните така и за најмалите. Меѓутоа, изборот на комбинација за децата, посебно за важни прилики е нешто на што треба да се внимава. 

Кога говориме за моднте советувања за девојчиња и момчиња, тешко дека ќе одбереме штикли или кравата за своите малечки.

Јасно е дека детскиот свет на модата има помината огромен пат и големи промени за тоа што е тренд, посебно кога станува збор за дизајнирана облека. Уличната мода за деца во најголемите светски градови е застапена како во луксузно скапите продавници така и во достапните. Многу комбинации кои ги гледаме кај децата делуваат како да се создадени за возрасни.

Децата уште од многу мали се изложени на мода и тоа преку мобилните телефони и други паметни уреди кои им се достапни. Денес децата, многу повеќе се изложени на трендовите отколку ние – родителите што сме биле во наше време и тоа зошто денес се им е на дофат.  Сепак, да не заборавиме дека децата треба да бидат деца., зарем не?

Многу е лесно да се претера со сладок брендиран накит за вашето девојче, бидејќи тие навистина изгледаат одлично во се што ќе се облечат. Но, на нас како родители тоа и ни е работа, да правиме нашите деца да изгледаат убаво а првенствено да им е удобно.Не треба да се претерува, за тоа постојат важни работи на кои треба да се обрне внимание. 

– Удобрност пред изглед – СЕКОГАШ

Секако дека може да ги имате двете, кога цел ормар е преполн со чиста облека за вашето дете. Кога за вашата ќерка ќе одберете свечен фустан или за момчето одело за специјална прилика, проверете го материјалот, дали моделот ќе му дозволи на детете удобност при трчање и играње, односно се она што децата треба да го прават. 

Поставете си на себеси неколку прашања:

– Дали вашата ќерка може без проблем да трча, седи и врти во секој фустан кој и го купувате?

– Дали вашиот син може да трча, скока, качува со своите панталони?

– Можете  ли да седите слободни дека вашето дете нема да ја искине облеката бидејќи е претесна или пак предолга?

Доколку вашиот одговор на вашите прашања е “не” на било кое прашање од овие, земете во предвид дека може одреден аутфит не е соодветен за вашето дете.

Исто е важно да избегнувате облека со многу копчиња, кравата или слабо зашиени додатоци. Таквите детали, како на пример копчињата може лесно да паднат во текот на играта на децата. Треба исто да знаете дека на детето ќе му треба голема помош доодека се облече. Облекувањето треба да ви причинува забава а не да биде стресно за вас или детето. 

Не претерувајте со преоблакање на своите деца

– Обрнете внимание на временските услови

Сосема е во ред доколку за новогодишната прослава облечеме коктел фустан и капутот го оставиме во гардероберот за да не ви смета во текот на ноќта. Сепак, за децата ваквите одлуки не доаѓаат во предвид.

Доколку вашето дете оди на прослава а надвор е ладно, не заборавајте дека треба да има неколку слоеви облека. Не смееме да дозволиме поради свечената прилика на детето да му е ладно. Колку и да можат возрасните да си дозволат потенка облека, за детето тоа не смееме да го дозволиме. Не смееме да дозволиме изгледот за вашето дете да е поважен изгледот од здравјето. 

– Не дозволувајте препрано да пораснат

Уште од мали нозе децата сакаат да го прават се она што го прават и возрасните. Нашите деца секогаш сакаат да ги пробаат штиклите на мама или кондурите на тато. Но не само чевлите, и нивната облека, и шминките на мама и слично. Денес се повеќе облеката на децата е иста како со возрасните и делува толку многу не удобно. Нешто што ни за нас не би си го купиле а замислите како пак би им било на децата.  

Доколку детето настојува да купи нешто што знаете дека нема да му биде удобно , убедете го за некоја слична алтернатива но многу поудобна.

 

– Дозволете им да се бидат вкклучени во изборот

Децата додека се на возраст помеѓу 2-4 годишна возраст сосема е во ред да им дозволите да бираат помеѓу две опции. Нека одберат која маица сакаат да ја облечат или како се чувствуваат во моментот. Донесувањето на одлуки во овој период води кон напредок и нивна самодоверба. Ова ги прави активни учесниците во носење на одлуките уште од најрана возраст. Ова можете да го практикувате и кога одите на шопинг, дајте му неколку опции кои се прикладни за него, нека одлучи само која да му ја купите. 

Кога децата ќе пораснат малку повеќе, оставете ги секогаш изборот за облека да е нивни. Доколку одберат нешто не соодветено, задолжитено прашајте ги зошто го направиле баш тој избор и комбинација на бои, материјали и слично. Обрнете внимание дали нивниот избор е поради удобноста или боите кои најмногу ги сакаат. Често нивниот одговор може да е изненадување за вас. 

Иако тие се наши мали дечиња, тие сепак се личности со сопствен вкус и избор. Кога им поставувате прашање, на тој начин само им помагате да го дефинираат сопствениот вкус, опција или одлука. На тој начин учат за себе и сопствената селекција.