ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Моето дете е подобро од твоето!?
    Моето дете е подобро од твоето

    Моето дете е подобро од твоето!?

    Сигурни сме дека барем еднаш до сега ви се случило да се сретнете со мајки кои го споредуваат напредокот на своето дете со вашето, некое дете од паркот или пак градинка. Овој текст е посветен токму на нив, а секако и на сите нас кои треба да се опуштиме и едноставно да го оставиме детето да се развива по својот природен пат. 

    Обично разговорот тече вака..

    “Добар ден”

    –       Ве поздравува продавачката од продавницата во која сте тргнале да пазарувате а чија сестра истиот месец добила ќерќичка како и вие. 

    Вие ја прашувате, дали имате свежи тиквички?

    Продавачката ви одговара-“Имаме секако, доле се во гајбата”, и ви покажува со прстот 

    Се наведнувате до гајбата и секако барате некои поубави.”Mи требаат за малечката и велите”..

    И таа ве прашува- “Дали сака да ги јаде”?

    “Па ќе видиме денес”, и велите..

    “А таа, сеуште не пробала тиквички!?”,  зачудено ве прашува со широко отворени очи..Мојата внука јаде грав, јаде полн тањир, јаде кифличлки, буквално се. Веќе кажува мамо, тато, седи сама, има три забчиња, знае добро да си игра со играчки. Ептен е супер, оди кај секого, воопшто не се плаши од луѓе..

    А вие и велите-“Па не, сеуште цица, не брзаме никаде, за сега има пробано компир, јаде житарици”.. не знам зошто воопшто и се правдате си велите во себе.

    И таа продолжува, леле нашата се прави сама, сама јаде, збори ептен е напредна.. 

    Вие ја гледате чудно и велите- “Пaдобро и нашата ќе почне да јаде и грав и сама да јаде…и секако ќе седи кога ќе биде спремна за тоа.”

     majki, natprevar, babyshop, babyshopmk, razvoj, bebe

    Си тргнавте накај дома и почнувате да размислувате за целиот разговор со продавачката и нејзината внука..

    Зошто толкава драма, зошто? Во овие 13 месеци како некој да ме ставил на атлетска трка и тоа надвор од мојата волја. Околу мене сите мајки само зборуваат што тоа се нивните бебиња-деца правеле. 

     

    Ако ти заплаче бебето, од трибина ќе почнат да те гледаат чудно и одма со коментари, “гладна е”, “нахрани ја” , “не зимај ја во раце лошо ќе ја навикнеш”, “ладно и е”,” топло и е” .. и милион други коментари. И што е најтрагично секогаш паметни се прават оние на кои децата во моментот им спијат мирно.

     Има коментари на пример, “Моето дете постојано спие во количка, како може твоето да несака”. 

     И така, ваквите коментари, некогаш намерни некогаш не намерни можат да предизвикаат многу непријатни ситуации. 

    Многу често мајките сакаат да се натпреваруваат фалејќи се што нивното дете прави, каква марка носи, колку е напредно во зборување или мотирика, колку заби им искочиле, како јадат и слично.

    majki, deca, babyshop, babyshopmk, razvoj, bebe,

     И постојано коментарите..

    “Моето дете почна да седи на 6 месеци, твоето сеуште не седи?”

     Се е ова супер, но мајките често доаѓаат до ситуација да треба да се правдаат зошто нивното дете го нема истиот развој како другото дете. Сето тоа фрустрира а истото знае да делува и многу лошо врз некои мајки кои после ваквите коментари почнуваат да го форсира своето дете непотребно. Секое дете е приказна за себе. 

    Убаво е да се слушнат мајки кои се гордеат со своите деца, но тоналитетот на кој се кажуваат работите, зборува многу за која е намерата на коментарите. 

    Мајки, немојте никогаш да го споредувате сопственото дете со друго, сите деца се индивидуа за себе, секое ќе прави работи тогаш кога тоа ќе се чувствува сигурно за истото. Никогаш не очајувате, бидејќи навистина е непотребно. 

    Сите деца ќе почнат да ги прават истите работи, некои порано, некои подоцна и тоа е сосема нормално. 

    Опуштете се и уживајте со вашето дете, слушајте го и пратете го што има тоа да ви покаже и каже. Следете го неговиот развој и никако не го форсирајте за ништо, верувајте постојано ќе ве изненадува со нови работи. 

    Уживајте во вашето дете, а не во муабетите кои ги слушате од страна. Само на тој начин ќе му овозможите убав живот на детето, да се радувате и вие и тоа на сите ново научени работи . 

    Но, треба сите да тргнеме од себе и да го правиме токму она што треба а тоа е, да се гледаме себе и нашето дете.