ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Моториката се развива од втората година
    Моториката се развива од втората година

    Моториката се развива од втората година

    Во средината на втората година, малото дете започнува да носи наоколу разни предмети. Исто така, ужива во извлекувањето или туркањето големи играчки или кутии. Трча внимателно, со погледот кон подот. Тешко ги избегнува пречките.

    Без помош ја отвора вратата или подига предмети од подот. Се качува и се спушта по скалите со ваша помош и може лазејки да се спушти назад по скалите.

    Играта е сé покомплексна: со коцките  гради столбови, ја фрла топката или ја удира со нога , а при тоа одржува рамнотежа. Тоа знае да ги врти страниците на книгите и со нетрпение гледа во едноставни сликовници. Со имитација повлекува права линија преку лист хартија.

    Почнува да покажува тенденција кон поголема употреба на една (доминантна) рака. На крајот на втората година, трча побезбедно и лесно запира. Лесно ги избегнува пречките. Малку пред вториот роденден, тоа јаде храна со лажица, ужива во игрите фрли го и фати го топчето.