
Може ли близнаците да спијат во ист кревет?
Дали да купите два кревети или не, е една од дилемите на идните родители кои очекуваат близнаци. Прочитајте што препорачуваат педијатрите …
Сетете се како вашиот кревет е празен, кога партнерот не е таму. Размислете како би чувствувале да сте заедно 24 часа, 35 недели и одеднаш да ве одвојат …
Односот помеѓу близнаците е многу силен. Постои уште пред раѓањето, и продолжува во првите недели по нивното пристигнување. Поради оваа причина, повеќето педијатри препорачуваат да ги ставите вашите деца во ист кревет. Ќе им биде удобно? Се разбира! Подобро им е на близнаците кога се еден на друг, затоа што така беше и пред да се родат.
Затоа, нека спијат заедно, бидејќи тоа нема да претставува проблем за нив (дури и напротив), и тоа е безбедно, особено во првите неколку недели кога тие се добро повиени и кога не се превртуваат многу.
Во моментот кога бебињата почнуваат да се дружат и да се удираат, направаете нов план и ставете преграда ви креветчето. Така секое бебе ќе има простор за себе.
Со преграда можете да ги држите неколку недели додека бебеињата не пораснат. После тоа се потребни посебни кревети.