Мозокот на мајките и трудниците се подмладува – тврдат научниците
Истражувањето во Норвешка покажа поради што мозокот на мајката е поинаков и посебен.
Новопечените мајки, па и трудниците се жалат на заборавеност или расеаност поради улогата на хормоните. Но сега големото истражување спроведено во Норвешка покажа дека мозокот на мајката е “поостар” од порано.
Жените кои раѓале деца имаат мозок кој е “помлад” од нивната вистинска старост и тоа благодарејќи на естрогенот кој се лачи во текот на бременоста.
“Кога го набљудуваме начинот на кој мозокот старее, забележуваме важна разлика помеѓу мозоците на жените кои раѓале и они кои го немаат направено тоа.
На скенер нивните резултати биле “помлади” за шест месеци во однос на нивната права старост, што значи дека бременоста ги подмладила”, кажа др. Ан – Мари де Ланг од Универзитетот во Осло.
Истражувањето опфати 12.000 средовечни жени, од кои 9.500 имале деца. Научниците ја набљудувале масата на нивниот мозок и количината на сиви ќелии и утврдиле дека мозоците на мајките биолошки делувале помладо и покрај промените предизвикани од бременоста и одгледувањето на детето.
“Жените кои родиле деца и децении подоцна го чувствуваат влијанието од тоа искуство. Хормоните и промените во имунитетот во текот на бременоста имаат заштитничко влијание на мозокот”, заклучува докторката.