ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Мудри совети од познатиот полски педагог
    Мудри совети од познатиот полски педагог

    Мудри совети од познатиот полски педагог

    Сакајте го вашето дете какво и да е, тоа е драгоцен трофеј кој животот ви го дал да го чувате – еден е од советите на познатиот полски педагог Јануш Коржак. Дознајте ги и преостанатите…

    Јануш Коржак е прочуен полски педагог, писател, лекар кој три пати одбивал да го спаси својот живот.

    Првиот пат тоа се случило кога тој одлучил да не емигрира во Палестина пред окупацијата на Полска, како не би го препуштил домот со сирачиња на судбината на страшните случувања.

    Вториот пат, кога одбил да побегне од Варшавското гето. А трет пат кога сите сирачиња од домот биле во воз кој се спремал да тргне во логор. Тогаш му се обратил еден СС офицер и го прашал:

    -Дали вие сте ја напишале Кралот Матијуш? Ја читав таа книга во детството. Добра книга. Слободни сте.

    -А децата?

    -Децата не се. Но вие можете да го напуштите вагонот.

    -Грешите. Не можам. Не се сите луѓе ништожници.

    1.Не очекувајте од детето да биде како вас или да биде какво што вие очекувате. Помогнете му да не стане како вас, туку како тоа самото.

    2.Не барајте од детето да ви врати за се што сте му пружиле. Сте му дале живот, како би можело тоа да ви го врати? Тоа ќе му даде живот на некој друг, тој друг на некој трет – тоа е неповратен закон за благодарност.

    3.Не ја истурајте лутината на детето, за во староста да не ви биде горко парче леб. Затоа што тоа што ќе го посеете тоа и ќе никне.

    4.Не гледајте на неговите проблеми како да се занемарливи. Животот на секого му е даден според неговата сила и затоа верувајте дека него не му е полесно отколку на вас, а можеби му е и потешко затоа што нема искуство.

    5.Не го понижувајте.

    6.Не се мачете себеси ако нешто не можете да направите за своето дете, само сетете се: за детето не е направено доволно, ако не е направено се што може да се направи.

    7.Научете да ги сакате туѓите деца.Никогаш немојте да им правите на туѓите деца она што не би сакале да му го прават на вашето.

    8.Сакајте го вашето бебе какво и да е. Радувајте му се бескрајно, затоа што секој миг поминат со него е празник.