
Мусли колач – едноставен и прекрасен
Состојќи
– 400 грама мусли (изброт на какви мусли е по желба)
– 500 грама брашно
– 100 грама темно чоколадо
– 100 грама шеќер+ 1 ванилин шеќер
– 500 мл млеко
– 2 јајца
– 1/2 портокал (изрендана кора)
– 50 грама масло
– 1/2 прашок за пециво
– 150 мл сок од портокал (за преливање на колачот)
– чоколаден прелив
– 100 грама темно чоколадо
– 150 грама млеко
Припрема
Добро сомелете ги муслите, прелијте ги со млеко и оставете ги 10тина минути.
Јајцата измешајте ги со шеќерот.
Чоколадото искршете го на парчиња и заедно со маслото ставете ги на среден оган убаво да се сооедини. Додадете ја смесата со јајца па прелијте ја врз смесата од мусли.
Додадете го брашното, прашакот за пециво, кората од портокал и се заедно добро измешајте го.
Сето тоа истурете го врз правоаголно тавче околу 30х17 сантиметри.
Оставете го да се пече 30тина минути.
Колачот е премногу вкусен со одличен мирис.