
Музиката и танцот добро влијаат на вашето бебе
Музиката и танцот добро влијаат на вашето бебе
Сите движења на идните мајки и изложеноста на различна јачина и инетнзитет на звукови влијае врз развојот на бебето.
Една од најважните човекови активности е движењето. Занимливо е тоа дека сите наши ментални претстави креираат движење. Ваквиот чин овозможува луѓето да видат, чујат и допрат целото богатство од нивното опкружување.
Замислете дека се наоѓате во изложбена галерија. Полека се движите, разгледувате слики, повремено застанувате, можеби ќе ги слушнете туѓите коментари…а доколку сте во друштво, ќе ги размените впечатоците со пријателите. Доколку по изложбата продолжите во ресторан, и тоа со музика која ја сакате, целата акција на движења ќе се дополни со различни вкусови.
Движењето во различно темпо и ритам влијае врз човечкото искуство, бидејќи постојано се збогатува. Секој наш сон претставува случување низ движења. Говорната комуникација е движење на одреден систем во нашиот орган.
Моторички способности на новороденчето.
Веднаш по раѓањето, детето првиот крик (но и сите останати движења) ги движи во свој “апарат” за движење. Новороденчето се развива во склад со одредени развојни норми. Но тој развој не е ни линеарен (праволиниски) а не идеален. Пред се е динамичен, а развојот на сите способности на детето се менуваат оо одредени фази и групи.
Моторичките способности на новороденчето прво с развиваат и претставуваат основа за целокупниот когнитивен развој. Многу брз се воочува движењето, во смисла на држење и подигнување на главата, гледање, социјално зборување преку насмевка, исправување и на крај трчање, кога ќе ги совлада моторичките движења.
Подоцна родителите воочуваат колку нивното дете е спретно или трапаво, дали се плаши од лулашки, клацкалици, како оди низ скали, дали често паѓа или удира, дали проговорило на време и слично. Секоја неправилност во моторниот развој на новороденчето ќе укаже на родителите дека е потребно да се работат дополнителни вежби за воспоставување на моторичка стабилност, во рамка која ќе го опфати развојот.
Игра во мајчиниот стомак
Истражувањата покажуваат дека фетусот реагира на звук, преку забрзување на крвотокот, односно забрзување на работата на срцето. До породувањето, фетусот постојано се движи. Значи фетусот слуша, прави различни движења внатре во матката каде е заштитено. Сите врсти на движења на идната мајка и изложеноста на различни интензитети на звукови влијае врз развојот на детето.
Секој човек има одредено искуство кое влијае во изборот на музиката, но и танцот – без разлика дали сака и не да игра. Кога ќе ја чуете омилената музика, одреден ритам и темперамент, се усогласуваат движења, како што се удирање со прстите или пак со стопалата, движење со колковите и слично. Истражувањата покажуваат дека трудниците, кои во текот на цела своја бременост секојдневнос слушале музика и играле најмалку 10 минути дневно, биле многу расположени, имале помалку болен пороѓај и многу брзо опоравување по породувањето. Нивните бебиња се покажало дека имаат добра моторика како и секоја друга активност.